Што е тоа акне конглобата?
Акне конгоблата, редок, тежок облик на акни кој вообичаено ги погодува мажите од 18 – 30 години. Е многу тежок за лекување и често остава масивни, обезличувачки лузни. Оваа форма на акни спаѓа во групата на нодулоцистични акни. Односно големи, црвени, болни лезии од акни во вид на нодули и цисти. Конглобата, исто така, често се појавува со црни комедони и лезии наречени дренажни синуси, кои се големи лезии кои содржат повеќе цисти кои се поврзувзани една со друга.
Причини за појава на акне конгоблата
Никој не знае што предизвикува акне конгоблата, но истражувањата сугерираат дека следниве три фактори играат улога.
- Генетика
Истражувачите се сомневаат дека постои ген одговорен за предиспозиција за акне конглобата, бидејќи доказите покажуваат дека ако родителите на некое лице имале акне конглобата, шансите кај тоа лице да се појави се многу поголеми. - Зголемено ниво на андрогени хормони
Медицинските професионалци се сомневаат дека андрогените (машки полови хормони присутни и кај мажи и кај жени) придонесуваат за болеста, особено затоа што андрогените достигнуваат врв за време на пубертетот, а адолесцентите мажи најчесто се засегнати. чест наод кај пациенти со нодулоцистични акни, но не се извршени поголеми студии за да се утврди дали тоа важи и за акне конглобата. - Зголемена чувствителност на бактерии
Некои истражувачи како причина ја наведуваат зголемената чувствителност на Cutibacterium acnes (C. acnes) (бактерии поврзани со акни). Тие претпоставуваат дека имунолошкиот систем кај луѓето со акне конглобата претерано реагира на присуството на бактерии кои, кај други лица, ќе предизвикаат само редовни акни.
Симптоми кај акне конгоблата
Акне конглобата може да се развие од постоечки акни или кај лица кои никогаш немале проблем со акни. Штом болеста се манифестира, таа обично опстојува со месеци или дури со години. Лезии започнуваат да се формираат во доцните тинејџерски години, а болеста често опстојува во доцните дваесетти и понекогаш, во почетокот на триесеттите години.
Акне конглобата е интензивна форма на акни која влијае на големи површини на кожата, вклучувајќи ги градите, грбот, вратот, лицето, рамената, екстремитетите и задникот, и многу често остава масивни, обезличувачки лузни. Кај пациенти со акне конглобата се манифестираат лезии од сите видови, особено нодули, цисти, црни комедони, апсцеси и дренажни синуси (неколку цисти се споени заедно под кожата), бели комедони, папули и пустули, исто така, но тие не се доминантна одлика.
- Нодули и цисти: Нодулите и цистите кај акне конглобата се обилни. И двата типа на лезии на акните се со дијаметар над пет милиметри и се нежни и болни. Разликата е во тоа што нодулите се влакнести лезии кои не содржат гној, додека цистите содржат „смрдлив“ гноен материјал кој се враќа откако ќе ги исцедите. Заздравувањето и на нодулите и на цистите може да биде исклучително бавно, што честопати резултира со масивни, обезличувачки лузни.
- Поврзани комедони: Многу типични за акне конглобата се лезиите наречени поврзани комедони и може да вклучуваат двојни комедони и тројни комедони, тоа се всушност два до три црни комедони кои се споиле во една екстра-голема лезија. Поврзаните комедони најчесто се јавуваат на вратот, трупот и поретко на надлактиците и задникот.
- Апсцеси: Апсцеси се збир на гној што се таложи во кожата и ткивото под кожата како одговор на штетните бактерии. Тие се црвени, болни и се чувствуваат исполнето со течност кога ќе ги допрете. Апсцесите се опкружени со зидови на здрави клетки, исто така наречени апсцес капсула, која имунолошкиот систем ја гради за да го заштити телото од гној и бактерии во внатрешноста на апсцесот.
- Дренажни синуси: Дренажни синуси се големи, воспалителни, издолжени лезии кои се формираат кога две или повеќе цисти се спојат заедно под кожата. Дренирањето на синусите е сериозна компликација на хроничните акне конглобата (перзистираат подолго време). Гледано од површина на кожата, дренажен синус е црвена, издигната испакнатина, долга два до пет сантиметри која периодично испушта гној. Тие се најчести на лицето, особено помеѓу носот и горната усна, а исто така и на вратот.
- Лузни: Лузни кај акне конглобата често се широко распространети и можат да бидат атрофични (вовлечени) или хипертрофични (подигнати над кожата).