Што се тоа тркалезни лузни?
Тркалезни лузни се вообичаен вид лузни што можат да се појават како резултат на процесот на заздравување на акните. Тие се појавуваат како алинеи во кожата и имаат тенденција да достигнат ширина од неколку милиметри. Тркалезните лузни се дефинирани според нивните наклонети рабови, давајќи и на кожата брановиден, нерамномерен изглед и не секогаш се со иста големина како и оригиналната лезија на акните што ги предизвикала, бидејќи големината зависи од тоа како кожата заздравува.
Тркалезни лузни се почести во области на лицето каде кожата е подебела, како што се долните образи и вилицата.
Кои фактори придонесуваат кон формирање на тркалезни лузни?
Како и сите лузни од акни, формирањето на тркалезни лузни во голема мерка зависи од тоа како кожата заздравува. Ако имате тенденција кон создавање лузни лесно, тогаш постои поголема веројатност дека ќе развиете лузни од акни.
Воспалението исто така игра клучна улога во развојот на лузни од акни. Колку подлабоко воспалението од лезии на акните достигнува во кожата, толку е поголема веројатноста да се појават лузни по заздравувањето. Ова е една од причините поради што е важно да се третираат акните што е можно поскоро, за да се намали ризикот од длабоко воспаление.
Честото допирање или стегање на акните може да ја оштети кожата и да доведе до зголемена шанса за појава на лузни. Не се препорачува да ги стискате акните. Сепак, во реалноста многу луѓе го прават тоа во обид да го отстранат гнојот.
Исто така, веројатноста да развиете лузни од акни е поголема доколку сте пушач, бидејќи пушењето доведува до зголемен ризик од лузни воопшто.
Третман на тркалезни лузни
Третирање на тркалезните лузни се одвива во две фази. Третманите во првата фаза за тркалезни лузни се дизајнирани да ја намалат длабочината на лузната, така што површината на кожата да се врати во првобитната мазна состојба. Третманите во втората фаза за тркалезни лузни се насочени кон намалување на дисколорациите (обезбојувањето) на новата мазна кожа на лузната.
Важно е да се запамети дека третманите за намалување на лузни е потребно да ги изведува лице искусно во третманот на акни и лузни од акни. Освен искуството, од клучна важност се и методите кои тој ги користи со цел ефикасно решавање на овој проблем.
Во нашиот центар за акни се користат исклучиво природни хербални препарати за кои постои научна и клиника докажаност за нивната ефикасност. Надополнети со одобрена апаратурна технологија и методологија на работа за различен вид на лузни од акни.
Препаратите и технологиите што ние ги користиме обезбедуваат масимална заштита на здравјето на клиентите, без скоро никакви нус ефекти. Ова е голема предност ако се има во предвид фактот дека многу методи кои се користат денес во светот можат да имаат низа несакани ефекти како што се изгореници на кожата, иритации, алергиски дерматити, промени во бојата на кожата (дисколорации) и сл.
Третмани во првата фаза
RF MicroNeedling
RF MicroNeedling има за цел да ги ублажи подлабоките лузни од акни преку стимулирање на нов колаген и еластин во длабоките слоеви на кожата, притоа заобиколувајќи го нај површниот слој на кожата кој е најмногу склон кон несакани ефекти. Со помош на микроубоди од неколку милиметри поткожно се создаваат минијатурни повреди на ткивото во лузната. Додека пак радиофрекфентниот сигнал во поткожните слоеви на лузната иницира реакција на факторите на раст. Овие два ефекти истовремено овозможуваат телото да започне процес на заздравување и содавање на нов колаген во внатрешноста на лузната. Колагенот е тој кој што ја прави кожата еластична. Преку новиот колаген се пополнува длабината на лузната и истата се израмнува. Ефикасноста на овој третман е одреден од длабочината на иглите и интензитетот на радиофрекфентниот сигнал. Нашиот тим има големо практично искуство кое гарантира максимален можен ефект од RF MicroNeedling третманот на лузни.
Карбокситерапија против лузни
Карбокси терапијата е уникатна процедура која подразбира инфузија на јаглероден диоксид со помош на мезотераписки систем. Самата постапка е безболна и брза. Механизмот на дејство е следен: го забрзува процесот на циркулација на крвта и на тој начин ги тера црвените крвни зрнца да ослободуваат кислород а во замена да го врзуваат јаглеродниот диоксид со себе за да што побрзо го елиминираат од вашето тело. Како резултат на оксигенацијата во третираната област се овозможува подобрување на процесот на заздравување преку потхранување на кожата со кислород и на тој начин создавање на колаген и еластин во областа која е зафатена со лузна. Новосоздадениот колаген и еластин ја прави кожата поцврста, посветла и ги израмнува лузните.
Хербален C PEEL
Станува збор за 100% хербален пилинг. Развиен од страна на германски институт пред повеќе од 65 години, претставува длабински ексфолијант кој во рок од само 5 дена овозможува целосно регенирање на кожата и одлупување на површинскиот слој на кожата без никакви хемикалии и супстанци кои имаат или би можеле да имаат нус ефект по вашата кожа. Хербалниот C PEEL се користи во комбинација со RF MicroNeedling третманот заради постигнување на комплементарни резултати. Додека RF MicroNeedling третманот индуцира колаген кој ја израмнува лузната, хербалниот C PEEL ја регенерира структурата на кожата длабински и ја отстранува дисколорацијата на лузната со што се изедначува тенот на кожата на целото лице. Крајниот ефект е кожа без лузни и пигментации.
Третмани во втора фаза
Хербален B PEEL
Станува збор за 100% хербален пилинг со медицински степен на концентрација и ефект на кожата. За разлика од C PEEL, овој хербален пилинг има површински ефект на израмнување на нерамнините на кожата, подобрување на структурата на кожата, како и враќање на хидролипидниот баланс на кожата. Третманот дава визуелни ефекти веднаш. Кожата на изглед станува сјајна, мазна, хидрирана. За овој тип на хербален пилинг не постои време за опоравување што значи веднаш после третманот можете да се вратите на вашите секојдневни обврски, без никакви ограничувања. Хербалниот B PEEL има неверојатен ефект на отстранување на површинските дисколорации и пигментни дамки кои се јавуваат на кожата после акни.