Акни на телото
Акни на телото-2

Преглед на Проблемот

Какви се тие акни на телото?

Акни на телото се токму она што го означува самото име – акните што се појавуваат насекаде на телото. Вашата кожа е покриена со пори, па затоа не треба да изненадува фактот што, покрај вашето лице, акни може да се појават и на вратот, грбот, градите и рамената. Всушност, акните на телото што се појавуваат на задниот дел се многу чест случај.

Истите елементи што предизвикуваат акни на лицето, исто така, можат да создадат акни на телото. Генетика, хормони, производи за нега на кожата, животната средина, лични навики или што било што може да ги запуши порите, се потенцијални виновници за акните на телото. Додека акните на телото може полесно да се сокријат со облеката, сепак нивното ефикасно отстранување и решавање е она што навистина треба да направите.

Причини за акни на телото

Акните на телото може да се појават кај секого, но тоа е особено честа појава кај спортисти и луѓе кои вежбаат, работат или спортуваат редовно. Ова може да се случи кога потта останува на кожата премногу долго време. Потта се меша со бактерии, зголемувајќи ја можноста нечистотијата, себумот и мртвите клетки на кожата да бидат заглавени и запушени во порите.

Тесната облека исто така може да предизвика акни на телото со тоа што не дозволува вашата кожа да дише и, на тој начин повторно влијае на запушување на порите. Покрај тоа, триењето на вашето тело од предмети како ранци, капи и тесни јаки може да ја влоши состојбата на кожата и да ја зголеми можноста за појава на акни.

Како да се ослободите од акните на телото?

За среќа, истите третмани за акни и навиките за живот, кои помагаат во лекувањето на акните на лицето, исто така, можат да бидат ефикасни и за акни на телото. Одржувањето на кожата на вашето тело чиста и хидрирана, ексфолирање на мртви клетки на кожата и чување на порите од себум, остатоци и бактерии ќе помогне во намалувањето на акните на телото. Затоа е важно да се истуширате после каква било физичка активност што ве предизвикува да се потите.

Носете облека што овозможува на вашата кожа да дише и редовно менувајте ги чаршавите и перниците, бидејќи мртвите клетки на кожата можат да се залепат на постелнина – друг начин да се појават акни на телото.

101 Skin Clinic располага со специјално формулирани препарати за третман и спречување на акни на телото.

Deep Cleansing Gel – развиен за посебни потреби на проблематична кожа. Единствениот активен состав на состојки [ментол, масло од чајно дрво и камфор кој покажува антисептички, дезинфекциски ефект. Гелот за длабинско чистење го минимизира ширењето на флеки и го нормализира лачењето на себум. Во исто време, ја стимулира циркулацијата на крвта, ги рафинира порите и го намалува ефектот на сјај на кожата.

101 Е хербален лосион – Ја контролира хиперсекрецијата на лојните жлезди, ги чисти запушените пори: ги убива акне бактериите и ги отстранува акните без лузна и пигмент, овозможувајќи и на кожата да стане светла, фина и мазна.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic