Што е тоа акне механика?
Акне механика е честа појава кај луѓето кои спортуваат. Ова е вид на акни што се јавува поради триење и притисок врз кожата. Овој вид на избувнување на акни може да се случи кога кожата е тесно притисната или стисната најчесто со облека..
Додека акне механика може да се појави како компликација на постоечките акни, таа исто така може да се појави самостојно без присуство на претходни активни акни на лицето или телото.
Како кај акне вулгарис, така и акне механика може да предизвика воспалителни лезии на кожата, како што се папули, пустули, па дури и нодули. Папулите и пустулите се розово-црвените испакнатини кои многу луѓе ги препознаваат како „мозолчиња“. Нодулите се болни, длабоки лезии кои произлегуваат од потешко воспаление.
Ако лезии од акни почнат да се појавуваат на места каде доаѓа до триење на кожата – како на пример, на рамената каде што го носите ранецот, преку челото затоа што носите капа или кацига, на брадата веднаш под ременот за брада од шлемот односно кацигата или странично на образите во пределот каде што постојано го држите мобилниот телефон додека зборувате – во сите овие случаи се работи за посебен вид на акни познат како акне механика.
Акне механика е вид на акни или мозолчиња кои се предизвикани од триење на кожата, топлина, притисок врз кожата или кога кожата не е изложена на воздух. Испотена, постојано масна кожа може брзо да избувне од вознемирувачки осип што е навистина акни. Најчестите причини за акне механика вклучуваат носење:
- Шлем со лента за брадата
- Цврсто прицврстена капа долго време
- Секоја опрема или додатоци за опрема што бара користење ремени, како ранец
- Музички инструмент туркан на кожата подолго време (како виолина)
- Влошки за рамото
- Тесни, синтетички ленти за на глава
- Цврсто прилагодена облека или градници
Кои лица се најчесто склони кон акне механика?
Одредени фактори го зголемуваат ризикот од развој на акне механика, поради што кај некои луѓе постои поголема веројатност да се појават. Најчесто овој вид на акни се јавуваат кај:
- Тинејџери и возрасни во дваесетите години, кои веќе имаат проблем со акни на задникот, рамената и грбот
- Војници, кои се стационирани во топли, влажни, тропски области: Добиваат акне механика поради тешката опрема и оружје што ги носат.
Третман и превенција од акне механика
Овој тип на акни добро реагира одлично на 101 Е хербалната формула.
Бидејќи кај овој вид на акни јасно се знаат причините, може да се обидете да го спречите нивното појавување преку:
- Навремено туширање после вежбање или потење – проверете дали кожата е темелно исчистена.
- Користете гел за миење на лице и кожа кој во себе содржи салицилна киселина за да помогне во чистење на кожата од пот и валканост.
- Не носење капа, кацига или лента за глава подолго време.
- Облекување маица – проверете дали е изработена од абсорбен памук и е чиста – под униформа за да помогне да се впие пот и да се минимизира триењето на кожата.
- Не носење премногу тесна облека