Што е тоа карбокситерапија?
Карбокситерапија против лузни е уникатна процедура која подразбира инфузија на јаглероден диоксид со помош на мезотераписки систем. Самата постапка е безболна и брза.
Како функционира карбокситерапија против лузни?
Механизмот на дејство е следен: го забрзува процесот на циркулација на крвта и на тој начин ги тера црвените крвни зрнца да ослободуваат кислород а во замена да го врзуваат јаглеродниот диоксид со себе за да што побрзо го елиминираат од вашето тело. Како резултат на оксигенацијата во третираната област се овозможува подобрување на процесот на заздравување преку потхранување на кожата со кислород и на тој начин создавање на колаген и еластин во областа која е зафатена со лузна. Новосоздадениот колаген и еластин ја прави кожата поцврста, посветла и ги израмнува лузните.
Колку ќе траат придобивките?
За лузни резултатите се долготрајни. Штом го подобриме колагенот на кожата, резултатите не се враќаат лесно, освен ако не развиете повеќе лузни во областа. Потребни се повеќе третмани за да се постигнат одлични резултати.