Стрес и акни
Стрес и акни-2

Стрес

Едно од најчесто поставуваните прашања во нашата клиника е дали исложеноста на стрес може да предизвика акни. Во продолжение видете дали и како стрес ситуациите влијаат на акните.

Намалете го стресот за да помогнете врз контрола на акните

Многумина од нас доживуваат епизоди на акни кога сме изложени на стрес. Но, зошто мозолчиња се појавуваат кога сме под притисок? Одговорот е едноставен. Под влијание на стресот хормоните го зголемуваат производството на себум и воопшто внатрешната инфламација, што може да биде тригер кој ги разгорува акните, ако сте некој кој веќе страда од акни. Знаејќи го тоа, има смисла дека подобрувањето на целокупната ментална благосостојба може да ја смири кожата и да спречи појава на акни.

Постојат голем број начини да го намалите нивото на стрес. Античките вежби како таи чи и јогата се поврзани со голем број здравствени придобивки, вклучително и олеснување на стресот. Други намалувачи на стрес вклучуваат медитација, и вежби за дишење. Вежбањето воопшто е поврзано со пониско ниво на стрес, затоа обидете се да вклучите најмалку 20 минути активност во текот на вашиот ден, дури и ако тоа е само брза прошетка низ вашето соседство. Исто така, важно е да се истуширате после интензивно вежбање за да ги исчистите потта и бактериите од кожата, што можат да доведат до развивање на мозолчиња на лицето и телото.

Избегнувајте масажа. Меѓутоа, ако веќе имате потреба, тогаш наместо традиционалните масла за масажа користете единствено масло кое нема комедоген ефект, зошто во спротивно маслото може да ги запуши порите на телото. Исто така, најдобро е да се избегне масажа на лицето бидејќи триењето може дополнително да ја воспали веќе иритираната кожа.

Зошто и е потребенсонна вашата кожа

Соодветното количество на сон е важно ако сакате да ги намалите состојбите поврзани со стресот и да одржите здрав животен баланс. Лишувањето од сон е познато дека придонесува за хормонални нерамнотежи кои го активираат производството на себум и доведуваат до појава и ширење на мозолчињата. Мелатонинот е хормон кој се создава природно додека спиете и исто така е поврзан со стимулирање на вашиот имунолошки систем и заштита од бактериски инфекции, што е корисно во борбата против акните. Потребна ви е мала помош за заспивање? Вечерни ритуали, како топла бања, чај од билки или релаксација пред спиење поттикнуваат добар ноќен одмор. Откако ќе легнете во кревет, проверете дали спиете на чисти чаршафи и перници. Во основа, сакате да бидете сигурни дека не лежите во нечистотија која може дополнително да ги запуши порите.

Вежбање, стрес и, се разбира, диета сите можат да влијаат на акните. Здрава диета за внатрешно чистење на кожата задолжително треба да ја исклучи храната богата со висок гликемиски индекс – како што се белите тестенини, оризот, лебот и слатките – затоа што тие ги покачуваат нивоата на шекер во крвта, и на тој начин влијаат врз хормоните а преку нив и до зголемување на производството на себум. Најдобрата диета за здрава кожа вклучува храна богата со омега-3 масни киселини, за кои студиите покажаа дека го намалуваат воспалението и помагаат при регулирање на расположението (меѓу другите придобивки). Затоа, проверете дали во списокот на намирници конзумирате храна богата со омега-3 како лосос, авокадо, масло од ленено семе и ореви. Комбинирајте ги овие совети за диети и начин на живот со herbs2peel третманот и хербалните препарати, за да ја исчистите кожата од акни и спречите повторна појава на мозолчиња.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic