Витилиго
Витилиго-2

Преглед на Проблемот

Што е витилиго?

Витилиго е нарушување во кое бели дамки на кожата се појавуваат на различни делови од телото. Ова се случува затоа што клетките што создаваат пигмент (боја) во кожата се уништени. Овие клетки се нарекуваат меланоцити. Витилиго исто така може да влијае на мукозните мембрани (како што се ткивото во устата и носот) и на окото.

Што предизвикува витилиго?

Причината за појава на витилиго не е позната. Витилиго може да биде автоимуно заболување. Овие болести се случуваат кога вашиот имунолошки систем погрешно напаѓа некој дел од сопственото тело. Кај витилиго, имунолошкиот систем може да ги уништи меланоцитите во кожата.

Некои научници сметаат дека меланоцитите се самоуништуваат. Други мислат дека единствен настан како што е изгореници од сонце или емоционално вознемирување може да предизвика витилиго. Но, со сигурност не е докажано дека овие настани предизвикуваат витилиго.

Кои се симптомите кај витилиго?

Белите дамки на кожата се главниот знак на витилиго. Овие бели дамки се почести во областите каде што кожата е изложена на сонце. Ваквите депигментирани области може да се јават на дланките, нозете, рацете, лицето и усните. Други вообичаени области на појава на депигментирани дамки се:

  • Пазувите и препоните (каде што ногата се спојува со телото)
  • Околу устата
  • Очи
  • Ноздри
  • Папок
  • Гениталии
  • Ректални области.

Луѓето со витилиго често имаат коса која рано станува сива. Оние со темна кожа може да забележат губење на бојата во устата.

Како се третира витилиго?

Третманот може да помогне да се изедначи бојата на кожата. Изборот на третман зависи од:

  • Број на бели дамки
  • Колку се раширени дамките
  • Времетраењето на белите дамки

Третманите можат да траат долго, вообичаено од една до две години. Одредени делови од телото реагираат подобро од други делови. Кај некои лица третманот може целосно да го врати пигментот на кожата, кај некои делумно, а кај некои може и да нема резултати воопшто. Секој организам е различен и различно реагира на треманот.

Најновиот научен пристап во третман на витилиго е примена на метод на микроинфузија во зафатените области со голема концентрација на природни антиоксиданси, аминокиселини, протеини и коензими. Во комбинација со УВБ уред на нова бранова должина од 311 нм. Третманот е целосно природен без несакани ефекти по вашето здравје.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Терапија

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic