Cosmelan третман
Cosmelan третман-2

Преглед на Третманот

Што е тоа Cosmelan третман за депигментација на кожата?

Cosmelan третман е професионален систем за пилинг наменет за депигментација. Самиот процес на пилинг е двофазен, со тоа што првиот дел од пилингот се изведува во нашиот центар. Cosmelan 1 се нанесува на лицето и се остава да делува 8-12 часа. На третиот ден се забележува интензивно одлупување на кожата. После 7 дена се применува вториот чекор преку употреба на Cosmelan 2 за да се спречи ремисија на хиперпигментацијата. Се работи за инхибитор на тиросиназа, кој делува на производството на вишок меланин.

Кога станува збор за мелазма, редовнен режим за одржување е неопходен за да се намалат шансите за повторна појава. Cosmelan кај изразито тешки случаи може да се работи два пати годишно.

Овој третман не е прикладен за секаков вид на пигментација.

Предности на Cosmelan третман

Ефективна депигментација на кожата
Ефикасна превенција на повторување на пигментираната лезија
Безбедно за сите типови на кожа I-VI
Без непријатност

Како делува Cosmelan третманот на пигментирани лезии?

Cosmelan има активни состојки кои се апсорбираат од кожата во период од 6-10 часа. Потоа започнува процес на интензивно одлупување на кожата при што се исфрла пигментот од кожата во период од една недела. Преку специјална крема која содржи инхибитор на тиросиназа се спречува повторното појавување на пигментот. Заедно со заштитен фактор SPF50, оваа програма успешно го решава проблемот со пигментирани лезии.

Колку Cosmelan третмани се потребни?

Потребен е само еден Cosmelan третман за да се видат резултатите. Може да бидат потребни послодователни месечни третмани два пати годишно за тешки случаи на мелазма. Состојбата со мелазма може да се врати ако основните предизвикувачи сè уште се присутни, затоа третманот со Cosmelan нуди систем за одржување на постигнатите резултати.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic