Што е тоа длабинска ексфолијација на кожа?
Третманот за длабоко чистење на порите на кожата со помош на 100% природен и хербален ензимски пилинг збогатен со морска сол овозможува длабока ексфолијација на кожата со која се овозможува омекнување и растворање на мртвиот слој на клетки од површината на кожата.
Со помош на дополнителен термо ензимски пилинг збогатен со екстракти на 7 органски билки се елиминираат токсините наталожени во порите и се подобрува циркулацијата.
Преку ефективни техники на екстракција, неинвазивно се елиминираат црните комедони, белите комедони и пустулите.
Преку напредни меридијански масажни техники и притисок се нанесува активен хербален гел за смирување на кожата и нејзин повторен баланс.
Некомедогена хидрирачка маска богата со билни екстракти на крај од третманот го обновува нарушениот хидролипиден слој на кожата.
Со помош на третманот за длабока ексфолијација се врши длабинско и темелно чистење на порите и се овозможува нормален циклус на регенерација на епидермисот.
Предности кои ги нуди длабинската ексфолијација на кожата
Третманот ќе ја ослободи кожата од вишокот на себум, црни и бели комедони и длабински ќе ги исчисти запушените пори. Препорачуваме најпрвин да се направи адекватен хербален пилинг на кожата најмалку една недела пред да се спроведе третманот за длабинска ексфолијација на порите. Ова би овозможило порите да се ослободат од вишокот на себум и мртви клетки мошне лесно и безболно. Вообичаено, Третманот за длабока ексфолијација на порите и кожата треба да се направи 1 до 2 недели после адекватниот хербален пилинг за ексфолијација на површинскиот слој на кожата.