Комплексна анализа на акни
Комплексна Анализа на Акни-2

Што опфаќа комплексна анализа на акни?

Комплексна анализа на акни е првиот клинички чекор кон решавање на проблемот со акни.

Секоја кожа е уникатна, со индивидуални специфчности и карактеристики. Затоа ви е потребен индивидуален план на третман прилагоден специјално за вашиот проблем со акни. А не некој униформен план што им се дава на сите пациенти.

Комплексната анализа на акни опфаќа неколку постапки и аспекти кои е потребно нашите доктори да ги утврдат, а се однесуваат на следното:

  • Одредување на типот на акни (инфламирани, неинфламирани или комбинирани) и толеранција на кожата.
  • Евалуирање на хормоните, дигестивниот систем и нивото на стрес заради согледување на дисбалансот кој може да предизвика акни.
  • Препораки на хербални додатоци за да помогнеме повторно да се врати балансот на телото одвнатре.
  • Препораки на препарати за домашна нега и клинички третмани кои ќе ви помогнат во решавањето на проблемот со акни.
  • Едукација за животните навики кои ги влошуваат акните-храна, апчиња за контрацепција (тие не секогаш помагаат за акни), лекови и стрес.

После комплексната анализа на акни, ќе добиете целосен режим за нега на кожата и програм за детектирање и отстранување на причините кои довеле до појава на акните!

Ова е 6-9 месечна програма што се состои од прмена на клинички третмани и план за домашен режим на нега на кожата.

По завршувањето на 6-9 месечната програма, ќе ви препорачаме режим за одржување на кожата за да истата остане чиста и без акни.

Клинички Третмани против Акни (изведени во текот на 6-9 месечната програма)

За да се олесни отстранувањето на акните и чистењето на порите, клиничките третманите со пилинг на лицето мора да се вршат на секои две до три недели. За тоа време, обично во рок од 6-8 недели, ќе забележите значителни промени во вашата кожа. И до 7-от третман, вашата кожа треба да изгледа смирено, без знаци на нови акни и прилично чисто.

Целта на овие клинички третмани е да се постигне:

  • Ексфолијација и длабинско одржување на кожата така што локалната терапија ќе може да навлезе колку што е можно подлабоко во порите
  • Хидратација и негување на кожата
  • Екстракција на бели, црни комедони и лезии погодни за развој на акниУништување на акне бактериите кои живеат во порите

На почетокот на секој третман, ќе ја анализираме вашата кожа за да утврдиме кој вид на третман е најдобар и најадекватен во дадениот момент. Третманите се изведуваат на секои две до четири недели додека кожата не биде исчистена од акни.

Откако акните главно ќе бидат отстранети, вие ќе добиете сет на локална домашна терапија за нега и одржување на кожата. Доаѓањето на секои 8-10 недели за „клинички третман за одржување“ е клучно за добриот изглед на кожата и елиминирање на можноста од појава на акни.

Посветеност

  • Вие мора да бидете спремни да ги користите редовно вашите производи за домашна нега на кожата и постојано да ги правите клиничките третмани. Ова е круцијално за успех на третманот и видливи резултати!
  • Оваа програма има 90% стапка на успех со клиенти кои соодветно ја следат. Ако не можете да се посветите на целосната програма (6-9 месеци), тогаш ве молиме не учествувајте сè додека не сте подготвени.
  • Вие мора да бидете спремни да користите САМО пропишана терапија и производи за лице за домашна нега. Сè друго што не е одобрено (производи кои содржат состојки кои се комедогени и ги запушуваат порите) ќе треба да го елиминирате од користење. Третманот е успешен затоа што се применува протокол на лекување кој е клинички докажан и не смее да се менува.
  • Вашата посветеност и истрајност ќе ви дадат чиста кожа без акни која одсекогаш сте ја посакувале!

Протокол на Лекување

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата од страна на нашите специјалисти со најсовремена опрема, овозможува точна дијагностика и индикација за соодветна терапија.

Индивидуален План за Третман

Нашите специјалисти креираат план за индивидуална терапија кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи, современи интервенции, па се до природни лекови, засновани врз долгогодишното искуство на нашите доктори.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и користат фотографии за да го споредат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic