Типови на лузни

Лузните од акни се многу чести и се јавуваат кај секој петти човек што страдал од акни во одреден период од животот. Процесот на регенерација на кожата кај секого е различен и можноста за појава на лузни од акни во голема мера е детерминирано од нашата ДНК. Други фактори кои можат да придонесат за појава на лузни од акни се длабочината на лезијата на акните во кожата, стискање на лезии на акни, бојата на кожата и пушењето.

Колку повеќе е воспалена лезијата од акни толку поголема станува веројатноста за појана на лузни. Ова е една од причините што е важно да се третираат акните што е можно поскоро. Исто така е важно да се запамети дека ако сте погодени од лузни од акни, веројатно ќе имате мешавина од различни видови лузни.

Третмани за лузни од акни

Мултифакторијалната природа на лузните од акни го прави проблемот се покомплексен, но и науката успева да фати чекор со предизвиците кои ги става пред неа новиот век. Согласно на современите достигнувања во науката се менува и технологијата и трендовите кон успешни и сеопфатни третмани на лузни од акни. Исто така, денес ефикасноста на одреден третман, се проценува по строги критериуми во специјализирани установи. Во 101 SKIN CLINIC секој третман кој се применува во третманот на лузни од акни е докажан во неговата ефикасност. Сигурно не сте првите кои имаат потешкотии да направат правилен избор и да донесат одлука кој третман е најдобриот за вас. Затоа, 101 SKIN CLINIC Ви стави на располагање третмани кои се пред се одобрени од страна на најреспектирани и најпрестижни регулаторни институции, третмани кои се научно потврдени и ефикасни, но и се во согласност со светските трендови во третманот на лузни од акни и проблеми со кожа.