Некои видови храна, како слатки и сода, содржат многу додаден шеќер. Истражувањата укажуваат на тоа дека храната како оваа со многу шеќер можеби не е идеална за акни. Ова се должи на концептот познат како гликемиско оптоварување.

Гликемиско оптоварување

Гликемиското оптоварување е мерење кое научниците го користат за да утврдат дали храната ќе предизвика зголемување на количината на шеќер во крвта.

Користејќи го гликемиското оптоварување, храната главно се класифицира во храна со висок гликемиски товар и храна со низок гликемиски товар:

  • Храна со висок гликемиски товар: Примерите вклучуваат бонбони и пијалоци со шеќер, но исто така и преработена храна како бел леб, бел ориз, крекери, гевреци, итн. Храната со висок гликемиски товар предизвикува големо и нагло зголемување на количината на шеќер во крвта.
  • Храна со низок гликемиски товар: Примерите вклучуваат целосна храна како зеленчук, риба / месо, јајца, масла, итн. Храната со низок гликемиски товар не предизвикува големо или нагло зголемување на количината на шеќер во крвта.

Гликемиското оптоварување исто така зема предвид колку од одредена храна јадете. На пример, ќе добиете многу поголем скок на шеќерот во крвта ако изедете цело парче торта отколку ако би каснале само еден залак.

Зошто гликемиското оптоварување би било важно за акните?

Кога телото открива зголемување на шеќерот во крвта, реагира со ослободување на соодветна количина на инсулин. Едноставно кажано, инсулинот е „мастер хормон“. Што значи зголемување на инсулинот може да доведе до зголемување на другите хормони.

Во случај на акни, загриженоста е дека зголемувањето на инсулинот ќе доведе до зголемување на андрогените (машки хормони кои се присутни и кај мажите и кај жените). Добро е познато дека повисокото ниво на андрогени и кај мажите и кај жените доведува до појава на акни.

Јадењето храна богата со многу шеќер веројатно не е идеално за кожата склона на акни

Повеќето студии откриле поврзаност помеѓу диети со високо ниво на шеќер и акни. А, науката ни покажува дека јадењето храна со шеќер предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта. Што може да доведе до други промени на хормоните во телото. Така, склопувајќи го сите коцки на мозаикот добиваме јасна слика дека јадењето многу храна со шеќер (или храна со висок гликемиски товар) е веројатно помалку од идеална ако сте склони на акни.

Сепак, како и со повеќето работи во животот, проблемот со ваков вид на храна треба да се сведе на умереност. Запомнете, гликемиското оптоварување зема предвид колку храна јадете. Значи, ако јадете мала количина храна со шеќер или пиете мал пијалок со шеќер од време на време, тоа веројатно нема да има големо влијание врз вашите акни. Но, ако сте склони кон акни, веројатно не е добра идеја храната и пијалоците со високо ниво на шеќери да бидат ваше секојдневие.

 

Совети за тоа како да го контролирате внесот на шеќер

  • Не пијте сода (сокови)! Ова е лесно. Соковите содржи многу шеќер. И, намалувајќи го нивниот внес во вашата исхрана е одличен начин да се намали внесувањето на шеќер.
  • Контролирајте го внесувањето слатки или или други слични производи кои во себе содржат високо ниво на шеќер. Храната што содржи големи количини шеќер како бонбони, колачи, пити, крофни, засладен јогурт, овошни сокови, спортски пијалоци и засладени пијалоци базирани на кафе, веројатно е добра во умерени количини и од време на време. Но немојте да ги јадете често.
  • Контролирајте го внесувањето на друга храна со висок гликемиски товар. Обратете внимание на храна која не содржи многу шеќер. Но, сепак има големо гликемиско оптоварување, како бел леб, бел ориз, гевреци, крекери, чипс и колачи од ориз. Како и со храната што содржи многу шеќер, оваа храна веројатно е во ред да се внесува во умерени количини. Но, обидете се да не ја правите главен дел во вашата исхрана.
  • Потрудете се да ја придвижите вашата исхрана кон „интегрална храна“. Најлесен начин да внесувате храна со низок глукемиски индекс е да јадете вистинска, интегрална храна, како зеленчук, риба / месо, масла, јајца, ореви, семиња, цели овошја и цели зрна.
  • Пијте малку јаболков оцет за време или веднаш откако ќе јадете оброк со висок гликемиски товар. Ова е забавен начин да го намалите скокот на шеќерот во крвта што може да го направите еднаш дневно (не почесто). Ставете 1-2 лажици (не повеќе) јаболков оцет (или кој било друг оцет, но вкусот на јаболкото е подобар) во чаша и разредете го со 250 мл вода (проверете дали сте го разредиле – не пијте оцет директно неразреден) и пијте го. Ова ќе го собори скокот на шеќерот во крвта, а всушност има освежувачки вкус.