Нодули и Цисти
Нодули и Цисти-2

Преглед на Проблемот

Нодуларни акни и цистични акни

Повеќето луѓе кои страдаат од воспалителни акни имаат, како што се нарекуваат папули, воспалени црвени испакнатини кои се претвораат во пустули кога ќе се наполнат со гној. Папулите и пустулите се двете најчести форми на воспалителни акни, кои обично се нарекуваат „мозолчиња“. Два посериозни типа на воспалителни акни се нодули и цисти и состојбите што ги создаваат се познати како нодуларни акни и цистични акни.

И нодуларните акни и цистичните акни (нодули и цисти) се тешки форми на акни и можат да доведат до формирање на трајни лузни, па дури и на дисколорација на кожата.

Што се тоа нодули и цисти?

Нодули се големи, длабоки и болни испакнатини кои во најголем дел се наоѓаат под површината на кожата. Може да имаат цврста, заоблена црвеникава испакнатина на површината на кожата, но испакнатината може да биде и во боја на месо. Нодулите се многу чувствителни на допир и болни.

Циста на акни (или цисти) се состојат од длабоки, гнојни лезии што изгледаат слично на цисти. Обично се болни и можат да предизвикаат лузни. Големините на цистите од акни се движат од мали, до многу големи.

Тешко можете да направите разлика помеѓу нодули и цисти. Двете состојби на акните се слични, и двата вида се тешки форми на акни и треба да бидат третирани од специјалист за акни.

Што предизвикува нодуларни акни и цистични акни?

Нодулите и цистите започнуваат како и другите мозолчиња. Мозол може да се формира кога пора во кожата се запушува поради комбинација на себум и мртви клетки на кожата. Кога бактериите исто така се заробени, областа станува инфектирана, црвена и отечена.

Нодуларни акни и цистични акни се јавуваат кога инфекцијата оди длабоко во кожата. Формирана е многу поголема испакнатина, која боли и може да чеша.

Цистичните акни се најчести кај тинејџери и млади кои имаат тенденција да ги добијат на лицето, грбот, горните раце и рамената. Но, и жените добиваат и нодуларни акни и цистични акни. Кај жените, цистичните акни често се појавуваат на долната половина на лицето. Исто така, постои генетска компонента на нодуларните и цистичните акни. Ако еден од родителите имал сериозни цистични акни, нивното дете исто така може да има поголема шанса да ги добие.

ШТО ВКЛУЧУВА ПРИСТАПОТ НА ТРЕТМАН НА НОДУЛИ И ЦИСТИ

Лед терапија против акни

Додека ласерите се користат многу години за третман на проблеми со кожата како што се акните и пост-воспалителната хиперпигментација, истражувањата покажуваат дека не-ласерските светла даваат уште поголеми придобивки во третманот на акни и хиперпигментации од акни. Третманот е комплетно безболен и за разлика од обичните ласери поради неговата неинвазивност нема никакви несакани ефекти по вашата кожа. Токму поради неинвазивноста, подобрите резултати и неможноста да предизвика несакани ефекти по кожата ЛЕД терапијата се повеќе се користи како алтернатива на инвазивните ласерски третмани.

За третман на воспалени акни и пост-воспалителни хиперпигментации (црвенило кое настанува како резултат на акните), првенствено се користи сина ЛЕД светлина. Сината светлина е спектар на светлина (бранова должина од 415 нанометри) што се користи за третман на кожни состојби поврзани со акните. А истражувањата откриваат многу други здравствени придобивки од ЛЕД терапијата, како што е олеснувањето на болката.

Терапијата со сина светлина за акни има ефект на природна фотоодинамична терапија (PDT).

ХЕРБАЛНИ ПИЛИНЗИ ПРОТИВ АКНИ

Во зависност од тоа дали имате воспалени или не-воспалени акни, ќе зависи и видот на хербален пилинг кој може да се употреби. Имајте во вид дека воспалените акни се многу чувствителни. Затоа, во таков случај вам би ви бил потребен хербален пилинг кој би ги убил бактериите и би ја намалил инфламацијата на кожата а едновремено би имал не-иритирачки ефект на самата кожа. Не-воспалената кожа со акни е доста еластична и таа може да толерира и всушност има потреба од посилна хербален пилинг. Клучот за да се ослободите од не-воспалените акни е ексфолијацијата!

Еве ја нашата препорака за најдобри видови хербални пилинзи за не-воспалени и воспалени акни:

Воспалени лезии на акни и чувствителна кожа

Jessners Herbs Peel

Комбинација на билни есктракти, млечна киселина и салицилна киселина добиена од кора на дрвото врба. Jessners Peel е особено одличен за мрсна кожа заради присуството на салицилната киселина. Поради својата мешавина на состојки, ќе се забележи намалување на продукцијата на себум, бактерии и воспаленија во кожата. Билните екстракти во составот овозможуваат природен неинвазивен третман на кожата. Овој пилинг е соодветен за лица со светли до темни тонови на кожата.

Salicylic Herbs Peel

Хербалниот салицилен пилинг претставува мешавина од билни екстракти и салицил добиен од кора на дрвото врба. Овој пилинг е најдобар за акни и мрсна кожа поради неговата уникатната способност да навлезе и да го раствори вишокот на себум во порите. Салицилиот пилинг има липофиличен ефект, што значи дека има можност да го раствори себумот во порите. Билните екстракти во составот овозможуваат природен неинвазивен третман на кожата. Овој пилинг е соодветен за светло до темни тонови на кожата.

Mandelic Herbs Peel

Хербалниот манделичен пилинг е комбинација од билни екстракти и екстракт од див бадем. Оваа комбинација дава добри ефекти затоа што добивате заедно антибактериски својства на манделичната киселина и осветлувањето на хиперпигментацијата од комбинацијата на билки. Обично, овој пилинг е соодветен за скоро сите типови на кожа. 

Не-воспалени акни и чувствителна кожа

Glycolic Herbs Peel

Овој неинвазивен површински хербален пилинг е одличен за ексфолијација на мртвиот слој од клетки на кожата и може да се комбинира со други третмани за лечење на акните. Претставува микс на билни екстракти и гликолинска киселина која е всушност екстракт на шекерна треска. Екстрактите пристутни во пилингот овозможуваат растварање на единствено мртвиот слој на клетки на површината на кожата без притоа да влијаат на здравиот слој на клетки. Затоа, доволно е безбеден да се користи непосредно пред ЛЕД третманот или друга форма на ексфолијација за да се зголемат резултатите. Овој пилинг највеќе одговара за лица со посветол тен на кожата.

Mandelic Herbs Peel

Благ хербален пилинг кој е наменет за третман на акни и брчки што го прави одличен избор за третман на акни кај возрасни. Поради своите анти-микробни и антибактериски својства, ова е одличен пилинг агент за акни, вклучувајќи и цистични акни. Резултатите се брзо видливи бидејќи мртвите клетки на кожата и остатоците брзо се ексфолираат. Манделичната киселина исто така го инхибира производството на меланин, што е причина за промена на бојата на кожата во делот зафатен со акни. Со правилен протокол на употреба, се забележува подобрување во дисколорацијата и лузните од акни. Овој пилинг може да се користи кај сите типови на кожа.

Herbs2Peel C Peel

hebrs2peel е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и елементи во трагови.

Овој уникатен метод за регенерација на кожата користи само чисти, природни растителни состојки и е многу безбедна и успешна, нехируршка процедура. Билките се комбинираат со специјално развиени производи и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните слоеви на кожата додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. При допирање на третираната кожа, клиентите чувствуваат „несакан ефект“ – демонстрирајќи ги ефектите на хербалните честички во кожата за подолг временски период. Циркулацијата на кожата е зголемена, се стимулира регенерацијата. Моќен метод заснован на моќта на чистите билки.

За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel корективниот C хербален пилинг е целосно природен и органски без никакви хемиски или синтетички состојки и не предиyвикува никакви споредни ефекти по вашето здравје.

ХЕРБАЛЕН 101 Е ЛОСИОН

Овој производ е 100% природна мешавина од разни органски кинески лековити билки. Производот содржи кинески хербални екстракти, како што се Radix Gentianae, Dictaminus Desycarpus, Ledebourella Divaricata, Paeonia Lactiflora, Phryma Leptostachya, Gentiana Scabra, Sophora Angustifolia и Panax Ginseng.. Со помош на своите есенцијални состојки овој производ ја регулира хиперсекрецијата на лојните жлезди, ги чисти порите, ја убива бактеријата која ги предизвикува акните. На тој начин ги отсранува акните без притоа да нстанат лузни или пигментни точки. Она што го прави овој производ извонреден е што механизмот на неговото дејствување опфаќа не само елиминирање на надворешните симптоми на акните (запушени пори, хиперсекреција на себум, црвенило, акне бактерии), туку преку неговото аплицирање и лесна апсорпција преку крвните капилари има и внатрешно дејство на причините кои довеле до создавање на акните. Силното активно дејство на хербалните екстракти го регулираат хормонскиот дисбаланс, го детоскифицираат црниот дроб и крвта и промовираат диуреза.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic