Акни на скалпот
Акни на скалпот-2

Преглед на Проблемот

Што предизвикува акни на скалпот?

Фоликулитис или акни на скалпот е состојба слична на акните, предизвикана од бактериска инфекција на фоликулите на косата. Акните на скалпот изгледаат како мали мозолчиња кои се појавуваат на скалпот, вклучително и на задниот дел на главата. Овие мозолчиња можат да предизвикаат чешање и да бидат болни на допир.

Исто како мозолчиња на друго место, мозолчињата на скалпот се појавуваат кога пората или фоликулот на косата ќе се запуши со мртви клетки од кожата или себум, што е природно масло што кожата го користи за да ја задржи својата влажност.

Бактериите, габите или грините исто така можат да навлезат во порите и да предизвикаат реакција.

Факторите што можат да предизвикаат акни на скалпот вклучуваат:

  • мртви клетки на кожата или себум кои ги запушуваат фоликулите
  • наталожување на супстанци од производи, како што се гелови за коса, или лив-ин треттмани
  • недоволно темелно миење на косата
  • чекање премногу долго после тренинг за миење на косата
  • потење додека носите покривка на главата, особено ако тоа предизвикува триење

Исто така, специфични бактерии можат да предизвикаат сериозни акни на скалпот.

Начинот на исхрана може да биде поврзан и со акните. Студија објавена во „Advances in dermatology and allergology“ сугерира дека диета богата со шеќерни јаглени хидрати може да го зголеми ризикот од појава на акни.

Превенција од појава на акни на скалпот

Хигиената на скалпот игра суштинска улога во избегнувањето на запушените пори. Прво правило е косата секогаш да се мие кога ќе почуствувате дека е мрсна, а задолжително после тренинг.

За да ги третирате акните на скалпот и да спречите понатамошни ширења на акните, обидете се:

  • да ја миете косата веднаш после вежбањето
  • преминете на природни, хипоалергични производи за нега на коса.
  • избегнувајте преголема употреба на производи за коса, како што се восоци и гелови
  • внесувајте доволно витамин А, Д и Е, за да се одржи кожата здрава.
  • водете дневник за храна за да видите дали одредена храна предизвикува акни.

Кај некои луѓе, реткото миење на косата може да предизвика акни на скалпот. Кај други, премногу честото миењето на косата може да го одземе заштитниот себум на кожата, што пак може да го зголеми ризикот од навлегување на други загадувачи во скалпот. нашите доктори ќе ви помогнат во креирање на план за нега на косата кој ќе ви одговара токму вам.

Третман на акни на скалп

Во повеќето случаи, ќе ви препорачаат адекватен природен шампон за темелно и длабинско чистење на порите на скалпот. Можно е во зависност од состојбата на скалпот да ви препорачаат и адектавен третман. За домашна употреба ќе ви препорачаат користење на 101 Е лосион и одредени природни хербални суплементи заради системко регулирање на балансот на вашите хормони.

OIL CONTROL NOURISHING SHAMPOO

Ексклузивната нежна формула на овој шампон базирана на билни екстракти е наменета за користење кај секој тип на коса. Специјалната комбинација на активни хербални супстанци за чистење и неутралниот pH 5.5 обезбедува нежно длабинско чистење и регулирање на мастењето на скалпот. Високо квалитетните растителни екстракти и даваат на косата природен и здрав изглед, сјај и лесно обликување.

101 Е ФОРМУЛА

101 Е претставува едноставно решение, исклучително е моќен и ефективен , се користи само локално а покажува драматични резултати за само една недела. Оваа формула е спој на 10 терапевтски природни билки и растенија. Внимателно калибрираните количини на секоја состојка го прават неприкосновено ефикасен во борбата со акни (фоликулит), себореичен дерматит, розацеа. 101 Е го регулира лачењето на лојните жлезди, ги чисти порите, ја подобрува циркулацијата на крвта, го намалува воспалението и го олеснува чешањето. Има силно антибактериско и анти инфламаторно дејство.

101 Б ФОРМУЛА

101B формулата ја редуцира секрецијата од лојните жлезди, целосно ги чисти порите на влакното до самиот фоликул, што значително помага во создавањето на идеални услови за развој на здраво влакно.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic