Хербални пилинзи против акни
Хербални пилинзи против акни-2

Преглед на Третманот

Што се тоа хербални пилинзи против акни?

Во зависност од тоа дали имате воспалени или не-воспалени акни, ќе зависи и видот на хербални пилинзи кои можат да се употребат. Имајте во вид дека воспалените акни се многу чувствителни. Затоа, во таков случај вам би ви бил потребен хербален пилинг кој би ги убил бактериите и би ја намалил инфламацијата на кожата а едновремено би имал не-иритирачки ефект на самата кожа. Не-воспалената кожа со акни е доста еластична и таа може да толерира и всушност има потреба од посилни хербални пилинзи. Клучот за да се ослободите од не-воспалените акни е ексфолијацијата!

Еве ја нашата препорака за најдобри видови хербални пилинзи за не-воспалени и воспалени акни:

Воспалени лезии на акни и чувствителна кожа

Jessners Herbs Peel

Комбинација на билни есктракти, млечна киселина и салицилна киселина добиена од кора на дрвото врба. Jessners Peel е особено одличен за мрсна кожа заради присуството на салицилната киселина. Поради својата мешавина на состојки, ќе се забележи намалување на продукцијата на себум, бактерии и воспаленија во кожата. Билните екстракти во составот овозможуваат природен неинвазивен третман на кожата. Овој пилинг е соодветен за лица со светли до темни тонови на кожата.

Salicylic Herbs Peel

Хербалниот салицилен пилинг претставува мешавина од билни екстракти и салицил добиен од кора на дрвото врба. Овој пилинг е најдобар за акни и мрсна кожа поради неговата уникатната способност да навлезе и да го раствори вишокот на себум во порите. Салицилиот пилинг има липофиличен ефект, што значи дека има можност да го раствори себумот во порите. Билните екстракти во составот овозможуваат природен неинвазивен третман на кожата. Овој пилинг е соодветен за светло до темни тонови на кожата.

Mandelic Herbs Peel

Хербалниот манделичен пилинг е комбинација од билни екстракти и екстракт од див бадем. Оваа комбинација дава добри ефекти затоа што добивате заедно антибактериски својства на манделичната киселина и осветлувањето на хиперпигментацијата од комбинацијата на билки. Обично, овој пилинг е соодветен за скоро сите типови на кожа.

Pyruvic Herbs Peel

Овој хербален пилинг обезбедува длабинска ексфолијација на кожата, бидејќи продира во подлабоките слоеви на епидермисот. Може да се користи кај сите типови на кожа и без ограничување кај сите возрасти.. Се работи за пилинг со силно антиинфламторно дејство поради што е исклучително добар избор за воспалени лезии на акни. Истовремено, бидејќи продира подлабоко во кожата може да се користи за отстранување на враснати влакна во кожата. Има изразито кератолитички ефект.

Не-воспалени акни и чувствителна кожа

Glycolic Herbs Peel

Овој неинвазивен површински хербален пилинг е одличен за ексфолијација на мртвиот слој од клетки на кожата и може да се комбинира со други третмани за лечење на акните. Претставува микс на билни екстракти и гликолинска киселина која е всушност екстракт на шекерна треска. Екстрактите пристутни во пилингот овозможуваат растварање на единствено мртвиот слој на клетки на површината на кожата без притоа да влијаат на здравиот слој на клетки. Затоа, доволно е безбеден да се користи непосредно пред ЛЕД третманот или друга форма на ексфолијација за да се зголемат резултатите. Овој пилинг највеќе одговара за лица со посветол тен на кожата.

Mandelic Herbs Peel

Благ хербален пилинг кој е наменет за третман на акни и брчки што го прави одличен избор за третман на акни кај возрасни. Поради своите анти-микробни и антибактериски својства, ова е одличен пилинг агент за акни, вклучувајќи и цистични акни. Резултатите се брзо видливи бидејќи мртвите клетки на кожата и остатоците брзо се ексфолираат. Манделичната киселина исто така го инхибира производството на меланин, што е причина за промена на бојата на кожата во делот зафатен со акни. Со правилен протокол на употреба, се забележува подобрување во дисколорацијата и лузните од акни. Овој пилинг може да се користи кај сите типови на кожа.

Malic Herbs Peel

Овој хербален пилинг може да се користи кај сите возрасни групи без ограничување. Според своите специфики овој пилинг е адекватен за сите типови на кожа вклучувајќи и осетлива и проблематична кожа. Станува збор за еден од најефикасните хербални пилинзи за куперозна кожа. Претставува микс на билни екстракти и овошна киселина природно екстрахирана од зелено јаболко, грозје, малина итн. Екстрактите пристутни во пилингот овозможуваат растварање на единствено мртвиот слој на клетки на површината на кожата без притоа да влијаат на здравиот слој на клетки.

Phytic Herbs Peel

Се работи за површински пилинг кој во својот состав содржи комбинација од билни екстракти и киселини екстрахирани од семиња на житарици, некои зеленчуци и маслодајни семиња.
Освен неговата научно докажана способност за многу благ пилинг и чистење на кожата, овој пилинг е исто така способен да ја деактивира тирозиназата – ензимот, што предизвикува хиперпигментација кога се произведува прекумерно. Ова исто така ги објаснува добрите антиоксидантни и антиинфламаторни својства на пилингот, кои помагаат да се отстранат постоечките пигментни точки и ефикасно да се спречи развојот на новите.

Herbs2Peel C Peel

Што е тоа hebrs2peel корективен C хербален пилинг?

hebrs2peel е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и елементи во трагови.

Како работи hebrs2peel корективниот C хербален пилинг?

Овој уникатен метод за регенерација на кожата користи само чисти, природни растителни состојки и е многу безбедна и успешна, нехируршка процедура. Билките се комбинираат со специјално развиени производи и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните слоеви на кожата додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. При допирање на третираната кожа, клиентите чувствуваат „несакан ефект“ – демонстрирајќи ги ефектите на хербалните честички во кожата за подолг временски период. Циркулацијата на кожата е зголемена, се стимулира регенерацијата. Моќен метод заснован на моќта на чистите билки.

За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel корективниот C хербален пилинг е целосно природен и органски без никакви хемиски или синтетички состојки и не предиyвикува никакви споредни ефекти по вашето здравје.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic