Бели комедони
Бели комедони-2

Преглед на Проблемот

Заедно со папулите, пустулите и црните комедони, белите комедони се едни од најчестите видови на акни. Тие исто така се едни од најблагите форми на акни и обично се лекуваат со соодветни навики за нега на кожата, и адекватен хербален третман за бели комедони.

Што се тоа бели комедони?

Белите комедони се всушност запушени фоликули или пори на кожата. Кај белите комедони, пората е покриена со тенок слој на кожа што ја става затката под површината. Бидејќи затката (смеса од себум и мртов слој на клетки) не е изложена на воздух, таа останува бела или понекогаш има жолтеникава боја (природна боја на себумот и мртвите клетки на кожата), затоа се нарекува „бел комедон“.

Што предизвикува појава на бели комедони?

Причините за белите комедони се слични на причините за други видови на акни. Секогаш кога лојните жлезди почнуваат со хиперпродукција на себум, дополнителниот себум може да се меша со мртвиот слој клетки на кожата. Ова предизвикува да се запушат порите и може да биде потенцијална причина за формирање на бели или црни комедони. Најчесто, жлездите го произведуваат себумот како резултат на хормонските промени во телото. Ова може да се случи за време на бременост, менопауза, менструација и, се разбира, пубертет.

Како да се ослободите од белите комедони?

Иако белите комедони може да се појават преку ноќ, не постои моментален лек. Дури и на најефикасните третмани им е потребно време за да се ослободиме од белите комедони. Така што континуиран и адекватен хербален третман е идеален и забележителна промена може да се види од само неколку третмани. Во зависност од интензитетот и обемот на белите комедони може да биде потребен еден или неколку хербални третмани.

Хербален третман за отстранување на бели комедони

Она што ја прави 101 Skin Clinic уникатна во својот пристап е тоа што ние користиме 100% природни хербални пилинзи кои се мешавина од 14 органски билки од различни крави на светот. Со помош на хербалниот ензимски пилинг, кој е специјално наменет за отстранување на вишокот на себум, елиминирање на нечистотиите како и мртвиот слој на клетки на кожата, на сосема природен, неинвазивен начин се чистат порите длабински, без механичко повредување на порите и кожата, и нивно проширување.

Есенцијалните екстракти од органските билки помагаат во регулација на продукцијата на себумот во лојните поткожни жлезди. Дел од екстрактите преку природен процес ги разложуваат себумот и формираните комедони, и одвнатре ги чистат порите на кожата. Нежната ексфолијација на површинскиот слој на кожата богат со мртви клетки пак овозможува забрзување на процесот на регенерација со нов слој на клетки. Редовното одржување на чистотата на порите и регулацијата на себумот дава беспрекорно мазен, чист и природно блескав изглед на кожата. Со помош на специјалниот хербален ензимски пилинг за одржување на порите се подобрува и еластичноста на порите и севкупната структура и текстура на кожата.

На овој начин се превенира појавување на комедони кои се честа појава и се резултат на хормонски дисбаланс и зголемена продукција на себум во поткожните лојни жлезди, неправилно и нередовно чистење на кожата и пред се неадекватна нега со козметички препарати кои не се компатибилни на вашата кожа. Некомпатибилните козметички препарати наместо да ја негуваат кожата ги затвараат порите, го задржуваат мртвиот слој од клетки на површината на кожата и го спречуваат природниот циклус на замена на мртвите клетки со нови.

Со помош на ВИСИА 360 комплексната анализа на кожата можеме не само да видиме дали користите адекватна козметика која е делотворна за вашиот тип на кожа туку и да детерминираме сет на третмани и козметички препарати кои ќе помогнат во одржувањето и негувањето на убавата и чиста кожа.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic