Најважниот дел од нашиот систем не се само 100% хербалните производи и третмани, туку тоа е едукацијата што ја даваме за тоа како да ги користите производите. Прво, ја анализираме вашата кожа за да бидеме сигурни дека ги добивате производите и адекватните третмани во соодветна моќност. Ако производите и третмани се премногу слаби, тие нема да делуваат или ако се премногу агресивни, вашата кожа може да стане сува и иритирана. Може да бидете сигурни дека ќе ги добиете производите и третманите кои се најадекватни за вашата кожа.
Не е доволно само да ги имате нашите производи! Резултатите доаѓаат со соодветна рутина. Ние ќе ви покажеме како да ги користите производите, така што вашата кожа ќе регира добро, но во исто време нема да биде раздразнета и иритирана. Сепак, наскоро откако ќе започнете со вашиот нов режим на нега на лицето вашата кожа ќе се навикне на она што го правите, така што ќе треба да го „засилиме“ третманот. Ова може да значи додавање на друг производ, зголемување на фреквенцијата на употреба на производот што моментално го користите или вклучување на неколку активни третмани. Наша работа е да ве водиме низ овие измени во временска рамка од 3-6 месеци. Доколку не ги направивме овие прилагодувања, вашата кожа ќе престане да се подобрува.
Кога користите нова линија производи за нега на кожата препишана од дерматолог или самостојно купена од продавница, го следите истиот режим од првиот ден, сè додека не престанете да ги користите без никакви промени или прилагодувања на јачината или зачестеноста на производот, ова е причината зошто тие престануваат да делуваат во одреден момент. Нашата програма за акни ви обезбедува моќни хербални производи и третман, и прилагоден индивидуален пристап.
По што сме различни од дерматолозите?
Дерматолозите обично се прва станица за помош кога некој има акни. Тие имаат тенденција да препишат сет „еден лек одговара за сите проблеми со акни кај сите пациенти“ на орални антибиотици, локални медикаментозни креми како што се Ретин-А (кој содржи неактивни комедогени состојки), Бензил Пероксид и топични антибиотици. Кога овој пристап ќе се покаже како неуспешен неколку месеци подоцна, дерматологот потоа ќе ви препише друг вид антибиотици, а потоа друг, и сè така додека не дојдат до точка каде што ништо не делува и крајното средство е Accutane (изотретиноин). Не само што овие лекови не успеваат да ги излечат акните, туку тие исто така предизвикуваат несакани ефекти кои се одразуваат врз вашето здравје, како што се запек, дијареја, оштетување на црниот дроб, депресија и многу други.
Покрај тоа, дерматолозите едноставно немаат време кое е потребно за навистина добро да ве запознаат и да создадат адекватен индивидуализиран третман кој би бил решение токму за вашиот случај со акни. Едноставно немаат толкаво време на располагање за секој пациент пооделно за да можат да креираат персонализиран пристап. Нашиот пристап кон решавање на проблемот со акните е комплетен односно системски, тоа значи покрај третирање на симптомите ние ќе ви помогнеме да ги пронајдете и причините кои довеле до појава на акните а кои најчесто се од хормонски карактер. Нашите хербални производи и хербални клинички третмани се 100% природни без никакви негативни ефекти по однос на вашето здравје.
Кога работите со нас и 101 Skin Clinic, ќе поминеме до еден час заедно на вашата прва консултација за да можеме да се запознаеме и да ја слушнеме вашата приказна. Вистината е, ако во животот би постоела само една специфична работа што ги активира акните. Но, акните се манифестираат на многу начини кај различни луѓе, па затоа е императив да ве запознаме како индивидуа, а не како уште еден клиент на кој му требаат производи и третмани.
Што е со производите со Бензоил Пероксид?
Производите со оваа активна состојка се толку силни што обично предизвикуваат сувост, црвенило, чешање и иритации. Плус, вашата кожа ќе се навикне на производите со текот на времето и ќе ви требаат поагресивни производи на секои неколку недели за да не се појават повторно акните. Производите со оваа активна состојка можат да дадат првични добри резултати но тоа е само привремено.