Хербален C Peel
Хербален C Peel-2

Преглед на Третманот

Зошто Хербален C Peel?

Хербален C Peel, 100% природен, органски хербален пилинг е адекватен за отстранување на сите видови на хиперпигментации на кожа. И тоа како на лицето така и на телото. Се работи за најмоќниот тип на корективен пилинг кој успешно третира како епидермални така и дермални хиперпигментации на кожа
кои се наоѓаат во подлабоките слоеви на кожата.

Што е тоа Хербален C Peel ?

hebrs2peel е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и елементи во трагови.

Како работи Хербален C Peel?

Овој уникатен метод за регенерација на кожата користи само чисти, природни растителни состојки и е многу безбедна и успешна, нехируршка процедура. Билките се комбинираат со специјално развиени производи и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните слоеви на кожата додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. При допирање на третираната кожа, клиентите чувствуваат „несакан ефект“ – демонстрирајќи ги ефектите на хербалните честички во кожата за подолг временски период. Циркулацијата на кожата е зголемена, се стимулира регенерацијата. Моќен метод заснован на моќта на чистите билки.
За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel корективниот C хербален пилинг е целосно природен и органски без никакви хемиски или синтетички состојки и не предиѕвикува никакви споредни ефекти по вашето здравје.

Каков е механизмот на дејство на Хербален C Peel?

  • Го активира метаболизмот и детоксикацијата на кожата преку зголемена циркулација
  • Ја подобрува микроциркулацијата – снабдување на кожата со кислород и хранливи материи
  •  Стимулира создавање и раст на нови клетки на кожата
  •  Промовира сопствено производство на колаген на кожата
  •  Покажува севкупно подобрување на квалитетот на кожата: тен на кожата, структура и еластичност
  •  ги измазнува брчките
  • Намалува и измазнува лузни
  • Значителен пилинг на горниот епидермис

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic