Папули и Пустули
Папули и Пустули-2

Преглед на Проблемот

Кога пората се запушува и акне бактериите почнат да се размножуваат во истите, имунолошкиот систем реагира со испраќање на бели крвни клетки за борба против инфекцијата. Околната кожа станува воспалена, црвена и отечена. Ова се нарекува воспалителни акни. Ова се тип на акни кои се разликуваат од белите и црните комедони по тоа што белите и црните комедони не се карактеризираат со црвенило и воспаление како папулите и пустулите. Двата најчести вида на воспалителни акни се папули и пустули.

Што се тоа папули и пустули?

Папулите се мали розови или црвени испакнатини во форма на купола, кои лесно се гледаат на кожата. Тие имаат различни граници и можат да се појават во најразлични форми, најчесто на лицето. Понекогаш овие папули се групираат заедно и формираат зона што изгледа како осип а на допир се потсеќа на груба хартија.

Пустула е медицински термин за класично мозолче. Пустулите се како папули, освен што се полни со жолтеникава течна гној и што формираат жолт или бел центар. Гнојот е составен од мртви бели крвни клетки кои биле испратени од телото за да се борат со инфекцијата.

Што предизвикува појава на акни папули и пустули?

Како и повеќето форми на акни, папулите и пустулите се резултат на зголемената продукција на себум и бактериите заглавени во порите од мртвите клетки на кожата. Папулите се појавуваат кога затнувањето предизвикува воспаление на фоликулот на косата. Кога тоа се ќе случи, имунолошкиот систем на организмот испраќа бели крвни клетки за борба против инфекцијата. Гнојот се развива кога белите крвни клетки умираат и се собираат во внатрешноста на папулата, претворајќи го во пустула.

Како да се ослободите од папулите и пустулите?

За да се ослободите од папулите, пустулите и сите останати форми на акни задолжително е потребен посебен режим за нега на кожата, кој што вклучува активен третман на акни, домашен режим на нега на кожата, професионални хербални третмани, како и целосен пристап за откривање на вистинските причини кои го предизвикале внатрешниот дисбаланс во организмот и предизвикале зголемена продукција на себум во кожата. Покрај надворешниот пристап има посебен режим и кон целокупното ваше здравје и организам. Тоа значи истовремено делување и однадвор и одвнатре со цел целосно сузбивање на тригер факторите кои се иницјална капсула за воопшто и да дојде до појава на папули и пустули.

ШТО ВКЛУЧУВА ПРИСТАПОТ НА ТРЕТМАН НА ПАПУЛИ И ПUSТУЛИ

Хербален корективен C Peel

Што е тоа hebrs2peel корективен C хербален пилинг?

hebrs2peel е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и микроелементи во трагови.

Како работи hebrs2peel корективниот C хербален пилинг?

Овој уникатен метод за регенерација на кожата користи само чисти, природни растителни состојки и е многу безбедна и успешна, нехируршка процедура. Билките се комбинираат со специјално развиени производи и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните слоеви на кожата додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. При допирање на третираната кожа, пациентите чувствуваат „несакан ефект“ – демонстрирајќи ги ефектите на хербалните честички во кожата за подолг временски период. Циркулацијата во кожата е зголемена, се стимулира регенерацијата. Моќен метод заснован на моќта на чистите билки.
За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel корективниот C хербален пилинг е целосно природен и органски без никакви хемиски или синтетички состојки и не предизвикува никакви споредни ефекти по вашето здравје.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic