Што е тоа Фракционен радиофреквентен микрониделинг против акни?
Фракционен радиофреквентен микрониделинг против акни користи технологија патентирана во 2019 година, која во себе инкорпорира две техники и тоа фракциона радиофревенца и микрониделинг истовремено. Се работи за автоматизиран уред кој најпрвин ја скенира површината на кожата која треба да се третира. Со помош на современи сензори и вграден софтвер, РФ Микрониделинг апаратот одредува за каков тип на акни станува збор. Оваа технологија дава исклучително добри резултати и успешно третира акне вулгарис, најчестиот тип на акни. Што значи дека доколку софтверот утврди дека се работи за друг тип на акни (акне розацеа и сл.) тогаш системот нема да се активира.
На кој начин фракциониот микрониделинг ги отстранува акните?
Механизмот на дејство на РФ Микрониделинг технологијата се состои од микро убоди во длабочина до 3 мм која е иста со длабочината на акнената лезија. При самите микроубоди, покрај микрораничките кои настануваат во долниот дел од кожата, се испушта и фракционен радиофревентен сигнал. Микроубодите и фракциониот радиофревентен сигнал испуштаат топлина во зависност од потребната јачина и висина на поткожна температура и привремено ги уништува масните жлезди. Масните жлезди се задолжени за производство на себум, а токму хиперпрродукцијата на себумот е еден од основните столбови и фактори за појава и развој на сите форми на акни.
Термалната дистрофија на масните жлезди е од привремен карактер. Односно на телото му се потребни околу осум недели за нивна повторна регенерација. Без хиперпродукција на себум, акне бактериите немаат храна за размножување. И на тој начин директно се влијае и на нивното елиминирање и ставање под контрола. Третманот се изведува во строго контролирани санитарни услови и под надзор на специјалист. Длабочината на пенетрацијата на микроубодите, јачината на фракциониот сигнал, степенот на поткожна температура која треба да биде креирана како и времетраењето на фракциониот микроубод се одредува индивидуално кај секој пациент. Во зависност од типот на акнени лезии, нивна длабочина, нивна инфламираност како и од сензитивноста на кожата и нејзината толеранција на третманот.
Дали третманот е безболен, сигурен и безбеден?
Третманот заради удобност се изведува со локална анестетска крема. Која се нанесува и остава на лицето од 30 до 40 минути пред самиот третман.
РФ Микрониделинг технологијата е еден од најуспешните нови третмани специјално наменет за третирање на активни акни и одредени типови на лузни од акни.
Третманот е безбеден, без никакви споредни ефекти и нус појави и е скоро безболен.
Дали третманот може да се комбинира со други третмани против акни?
Овој третман се комбинира со PRF – Platelet Rich Fibrin третманот против акни, ЛЕД терапијата и 101 Е формулата, заради комплементарност и ефикасност на севкупниот резултат.