Сува кожа и акни
Сува кожа и акни-2

Преглед на Проблемот

Дали акни можат да се појават кај сува кожа?

Бидејќи акните се појавуваат кога телото произведува вишок себум (масло), лесно е да ги асоцирате акните со сјајна, масна кожа. Вистината е, сепак дека акните можат да влијаат на сите типови кожа – масна, нормална, комбинирана и да, дури и сува кожа. И актуелните лекови против акни може да предизвикаат дополнителна сувост на кожата бидејќи некои состојки се дизајнирани да ги убијат акне бактериите и отпушат порите.

Вашето тело веќе обезбедува одредена количина хидратација за вашата кожа од природни масла ( „липиди“) и хијалуронска киселина. Хијалуронска киселина е подмачкувачка, чиста супстанција која телото ја произведува природно и се наоѓа првенствено во кожата и зглобовите. Исто така е популарна состојка кај производите за нега на кожата, бидејќи може да помогне за еластичност, флексибилност и зголемена хидратација. И себумот и хијалуронската киселина помагаат да се создаде заштитна бариера на вашата кожа што може да помогне во задржувањето на колагенот и хидратацијата. Кога помеѓу нив се јавува неисбалансираност тогаш вашата кожа ја губи влажноста што доведува до дехидрираност, сувост, иритација и црвенило.

Причини за сува кожа

Кога станува збор за вашата кожа, генетиката и хормоните одредуваат многу нејзини карактеристики како што се акните, типот на кожата и количината на себум што вашата кожа природно го создава. Затоа некои луѓе со сува кожа сè уште можат да добијат акни, додека лицето со масна кожа може да има јасен тен. Производството на себум природно се намалува со возраста како кај мажите така и кај жените. Сепак, намалувањето на хормоните, особено естрогенот, може да ја направи сувата кожа чест проблем кај жени од перименопауза и менопауза.

Студеното време, ветровитите клими со мала влажност или премногу изложување на сонце може да предизвикаат нарушување на влажноста на вашата кожа. И вашата кожа не е изложена само на лошите фактори на отворено. Напротив, предолго поминато време во внатрешни простории со вештачки системи за греење, па дури и предолга изложеност на чад од цигари, може да предизвикаат дехидрирање на кожата. Навлажнувачи на воздухот во затворени простории можат да помогнат. Агресивните сапуни и козметика базирана на алкохол, исто така, можат да ја исушат вашата кожа, како што можат и оралните лекови или медицински состојби како што е болест на тироидната жлезда. Затоа секогаш внимавајте на вашето тело и вашата кожа кога пробувате нови производи и лекови.

Како да се ослободите од акните на сувата кожа

Ако премногу себум може да ја зголеми можноста за појава на акни, тогаш премалку себум може да предизвика сувост на кожата. Како тогаш да се ослободите од акните додека имате сува кожа може да биде вистински предизвик. Па, кои се најдобрите тактики за третман на обете состојби во исто време?

Хербално млеко за длабинско чистење на порите

Хербалното млеко за длабинско чистење на порите е специјално формулирано за заштита на сува и чувствителната кожа. Длабински ги чисти порите со што ја отстранува наталоженоста на себум и мртви клетки во порите. Воедно ги хидрира порите со цел да го избалансира хидролипидниот слој на кожата.

Зелен хербален тоник

Благ, навлажнувачки хербален тоник кој ја освежува и ја оживува особено сувата кожа. Еден од ретките тоници на лицето што содржи ретки билки, хијалуронска киселина и коензим Q10.

Хербален 101 Е Лосион

Овој производ е 100% природна мешавина од разни органски кинески лековити билки. Производот содржи кинески хербални лекови, како што се Radix Gentianae, Dictaminus Desycarpus, Ledebourella Divaricata, Paeonia Lactiflora, Phryma Leptostachya, Gentiana Scabra, Sophora Angustifolia и Panax Ginseng.. Со помош на своите есенцијални состојки овој производ ја регулира хиперсекрецијата на лојните жлезди, ги чисти порите, ја убива бактеријата која ги предизвикува акните. На тој начин ги отсранува акните без притоа да настанат лузни или пигментни точки. Она што го прави овој производ извонреден е што механизмот на неговото дејствување опфаќа не само елиминирање на надворешните симптоми на акните (запушени пори, хиперсекреција на себум, црвенило, акне бактерии), туку преку неговото аплицирање и лесна апсорпција преку крвните капилари има и внатрешно дејство на причините кои довеле до создавање на акните. Силното активно дејство на хербалните лекови го регулираат хормонскиот дисбаланс, го детоскифицираат црниот дроб и крвта и промовираат диуреза.

Herbs2Peel B Peel

Што е тоа hebrs2peel B хербален пилинг?

hebrs2peel B пилинг е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и елементи во трагови.

Како работи hebrs2peel B хербален пилинг?

Овој пилинг е наманет за враќање на природниот хидролипиден слој на кожата. Овој уникатен метод користи само чисти, природни растителни состојки.. Билките се комбинираат со специјално развиени производи за сува кожа и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните мртви слоеви на кожата додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. Циркулацијата на кожата е зголемена, а со тоа и оксигенацијата и хидратацијата. Истовремено, се аплицираат природни хербални инфузии кои продираат длабоко во порите, ѓи чистат длабински и ги убиваат бактериите кои се одговорни за настанувањето на акните.

Преку едновремна нормализација на хидролипидната бариера на кожата се овозможува враќање на нејзината заштитна фунцкија. Преку природниот процес на одлупување на мртвиот слој на клетки и доволната хидрираност се оневозможува запушување на порите кои се резултат на сувата кожа. Сувата кожа иницира зголемена продукција на себум што пак за последица има блокирање на порите со себум и мртви клетки.

За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel B хербален пилинг е целосно природен и органски без никакви хемиски или синтетички состојки и што е најважно е некомедоген (неговите активни состојки не ги блокираат порите на кожата).

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic