Масна кожа и акни
Масна кожа и акни-2

Преглед на Проблемот

Потребна е одредена количина на масло (познато и како „себум“) за да ја одржиме кожата здрава и мека. Кога порите се чисти, себумот тече слободно од внатрешноста на фоликулот. За да ја подмачкува површината на вашата кожа, давајќи ви масна кожа, но чист тен. Но, кога лојните жлезди прават премногу себум (обично за време на пубертетот или други периоди на хормонални промени), се јавува ризик за појава на акни.

Нормално, телото ќе ги испушти вишокот на мртви клетки, штом тие дојдат до површината на кожата. Но, премногу себум може да предизвика мртвите клетки на кожата да се залепат и да останат заглавени во порите. Ова таложење на себум и мртви клетки ги затнува порите. И, во комбинација со акне бактериите, пората се воспалува, што резултира во акни.

Масниот тип на кожа обично дава изглед на проширени пори и сјаен тен. И, за многу луѓе, тоа може негативно да влијае на нивната самодоверба.

Причини за појава на масна кожа

Бидејќи нашата кожа е изложена на толку многу елементи, има многу надворешни фактори кои можат да ја влошат масната кожа. Одредена козметика или производи за нега на кожата може да ги блокираат и запушат порите. Како што може да ги блокираат и околностите во кои работите како на пример ако сте изложени на маснотии и топлина (пр., Деловна кујна). Тесната облека што не дозволува кожата да дише или пот од прекумерно вежбање исто така може да придонесе за појава на акни. Дури и околината може да биде фактор ако живеете во топла или влажна клима. Или сте изложени на надразнувачи или загадување.

Иронично, прекумерното миење и стружењето на кожата, всушност, може да го зголеми производството на себум бидејќи вашите жлезди се обидуваат да го надополнат претераното сушење на кожата. Земањето лекови кои влијаат на вашите хормони, како што се апчиња за контрацепција или андрогени и зголемено ниво на стрес, исто така може да придонесат за појава на масна кожа.

Кај жените, производството на себум може да варира во однос на месечниот циклус и ќе се намали со возраста и пониското ниво на естроген при перименопауза и менопауза. Кај мажите, хормоните кои предизвикуваат поголемо производство на себум (познати како „андрогени“) се на многу повисоко ниво за време на пубертетот и тинејџерските години и имаат тенденција да се нормализираат во зрелоста. Мажите исто така ќе искусат намалено производство на себум како што стареат.

Како да се ослободите од акните кај масна кожа

Ако премногу себум може да ја зголеми можноста за појава на акни, тогаш ви е потребен третман и препарати за нега на кожата кои ќе ја регулираат продуцијата на себум. Со други зборови ви е потребен адекватен третман кој нема да ја пресуши кожата, бидејќи во тој случај не го решавате проблемот туку уште повеќе го нагласувате. Туку, третманот треба да овозможи лојните жлезди под кожата да произведуваат помалку себум, и да се нормализира процесот на природно одлупување на мртвиот слој на клетки на површината на кожата. Кои се најдобрите методи за третман на акни кај масна кожа?

Гел за длабока ексфолијација

Гел за чистење, развиен за посебни потреби на масна кожа, и кожа со несовршености. Единствениот состав на активни супстанции [ментол, масло од чајно дрво и камфор] има антисептичко и антибактериско дејство. Длабокиот гел ги минимизира и нормализира лојните секрети. Во исто време, ја стимулира циркулацијата на крвта, и го намалува ефектот на сјаење на кожата.

Хербален Clear Gel

Специјален производ од 5 ретки билки за масна кожа склона кон акни и иритации. Го намалува ширењето на флеки и го нормализира лачењето на лојните жлезди. Намалува црвенило на кожата и иритација. Ги чисти порите од наталожените маснотии и ја хидрира кожата. Маслото од чајно дрво, како испробан и проверен природен производ, има антибактериски, антиинфламаторни и смирувачки својства. Гелот ја навлажнува кожата и ја подобрува отпорноста на кожата. Коренот на варовник има ефект на белеење на црвените воспалителни пигменти на кожата предизвикани од акни.

Хербален 101 Е Лосион

Овој производ е 100% природна мешавина од разни органски билки. Производот содржи кинески хербални екстракти, како што се Radix Gentianae, Dictaminus Desycarpus, Ledebourella Divaricata, Paeonia Lactiflora, Phryma Leptostachya, Gentiana Scabra, Sophora Angustifolia и Panax Ginseng.. Со помош на своите есенцијални состојки овој производ ја регулира хиперсекрецијата на лојните жлезди, ги чисти порите, ја убива бактеријата која ги предизвикува акните. На тој начин ги отсранува акните без притоа да настанат лузни или пигментни точки. Она што го прави овој производ извонреден е што механизмот на неговото дејствување опфаќа не само елиминирање на надворешните симптоми на акните (запушени пори, хиперсекреција на себум, црвенило, акне бактерии), туку преку неговото аплицирање и лесна апсорпција преку крвните капилари има и внатрешно дејство на причините кои довеле до создавање на акните. Силното активно дејство на хербалните екстракти го регулираат хормонскиот дисбаланс, го детоскифицираат црниот дроб и крвта и промовираат диуреза.

Хербален Е пилинг

Она што ја прави 101 Skin Clinic уникатна во својот пристап е тоа што ние користиме 100% природни хербални пилинзи кои се мешавина од 14 органски билки од различни крави на светот. Со помош на хербалниот Е пилинг, кој е специјално наменет за отстранување на вишокот на себум, елиминирање на нечистотиите како и мртвиот слој на клетки на кожата. На сосема природен, неинвазивен начин се чистат порите длабински, без механичко повредување на порите и кожата, и нивно проширување.

Есенцијалните екстракти од органските билки помагаат во регулација на продукцијата на себумот во лојните поткожни жлезди. Дел од екстрактите преку природен процес ги разложуваат себумот, и одвнатре ги чистат порите на кожата. Нежната ексфолијација на површинскиот слој на кожата богат со мртви клетки пак овозможува забрзување на процесот на регенерација со нов слој на клетки. Редовното одржување на чистотата на порите и регулацијата на себумот дава беспрекорно мазен, чист и природно блескав изглед на кожата. Со помош на специјалниот хербален Е пилинг за одржување на порите се подобрува и еластичноста на порите и севкупната структура и текстура на кожата.

На овој начин се превенира појавување на акни кои се честа појава и се резултат на хормонски дисбаланс и зголемена продукција на себум во поткожните лојни жлезди, неправилно и нередовно чистење на кожата и пред се неадекватна нега со козметички препарати кои не се компатибилни на вашата кожа. Некомпатибилните козметички препарати наместо да ја негуваат кожата ги затвараат порите, го задржуваат мртвиот слој од клетки на површината на кожата и го спречуваат природниот циклус на замена на мртвите клетки со нови.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic