Акне вулгарис
Акне вулгарис-2

Преглед на Проблемот

Што е тоа акне вулгарис?

Акне вулгарис е состојба на кожата што се јавува кога фоликулите на косата се блокираат со мртви клетки на кожата, бактерии и масло (себум). Блокираните фоликули предизвикуваат дамки на кожата, вклучувајќи мозолчиња, црни комедони, бели комедони и цисти. Исто така познати и како најчеста форма на акни, една од главните причини за нивна појава се хормоните, особено околу пубертетот.

Статистички акне вулгарис зафаќа околу 20% од вкупната популација во Европа. Околу 85% од тинејџерите се погодени од акни, но акне вулгарис може да се појават кај која било возрасна група со многу случаи кои опстојуваат во зрелоста.

Симптоми на акне вулгарис

Повеќето акни се јавуваат на лицето, градите, грбот и рамената. Симптомите можат да бидат благи, умерени или сериозни.

Блага форма на акни, значи дека веројатно имате помалку од 20 црни или бели комедони. Белите комедони се мали црвени или белузлави флеки, додека црните комедони имаат темен центар. Може да развиете и мозолчиња, кои се заоблени, воспалени бели комедони на кожата.

Ако имате умерена форма на акни, ќе забележите поголем број на црни комедони, бели комедони и мозолчиња.

Тешките форми на акни може да вклучуваат широко распространети флеки со нодули или цисти, кои се поголеми и поцврсти од мозолчиња. Нодулите и цистите имаат тенденција да бидат поболни од мозолчиња.

Причини за појава на акне вулгарис

Акне вулгарис се предизвикани од комбинација на хормони, масло (себум) и бактерии. За време на пубертетот, се зголемува хормонот наречен андроген и лојните жлезди произведуваат повеќе себум (масна супстанција). Обично, себумот и мртвите клетки на кожата излегуваат преку фоликулите на косата и низ порите на површината на кожата. Кога себумот, клетките на кожа и бактериите ги затнуваат фоликулите, себумот не може да излезе низ порите, што предизвикува акни.

Како што влегувате во раната зрелост, тие хормони може да се намалат доволно што акните ќе почнат да исчезнуваат. Кај околу 40% од жените, акните може да продолжат во нивните 40-ти години, бидејќи на хормоналните промени влијаат и други причини, вклучувајќи:

  • Хормонални промени во бременоста или од менструалниот циклус
  • Некои лекови
  • Комедогена козметика и лосиони
  • Висока влажност и потење
  • Синдром на полицистични јајници

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic