Црни комедони-2

Преглед на Проблемот

Црни комедони, еден вид на акни, се реалност за скоро секој човек во одредена фаза од неговиот живот. Бидејќи тие се резултат на природни процеси што се случуваат во рамки на кожата. За да разберете како да се ослободите од црните комедони, важно е да разберете што се црните комедони. И што ги предизвикува.

Што се тоа црни комедони?

Црните комедони обично започнуваат со запушени фоликули на косата („пори“). На телото има милиони фоликули на косата, вклучувајќи го и лицето. Секој од овие фоликули содржи влакно и лојни жлезди кои произведуваат себум за да се одржи мекоста на кожата. Кога од кожата се одлупува мртвиот слој на клетки, тие можат да навлезат во фоликулот. Да се измешаат со себумот и да формираат затка која притиска кон површината на кожата. И притоа формира испакнатина, наречена комедон.

Доколку комедонот не ја пробие површината на кожата, односно остане затворен само во внатрешноста на пората тогаш истиот се нарекува бел комедон. Црните комедони се јавуваат во случај кога наталоженото купче од себум и мртви клетки ќе доспее до површината на кожата и под дејство на воздухот ќе оксидира. Како резултат на процесот на оксидација, себумот ја менува својата боја во сива или црна, по што го добиле и својот назив црни комедони.

Што ги предизвикува црните комедони?

Главната причина за појава на акни (вклучително и црни комедони) е хормоналните промени во телото кои предизвикуваат вишок на себум да се произведува во порите. Ова е природен процес, особено за време на пубертетот, кој објаснува зошто толку многу тинејџери имаат црни комедони.

Како да се ослободите од црните комедони?

Црните комедони се појавуваат најчесто во „Т-зоната“ на лицето (челото, носот и брадата), но може да се појават и на грбот, градите, рацете и рамената. Тие можат да се појават во сите космати делови на телото.

Некои луѓе ги мешаат црните комедони со заробена нечистотија во порите и се обидуваат преку груба ексфолијација да ги отстранат. На овој начин не само што не го решаваат проблемот, туку го влошуваат.

Хербален третман за отстранување на црни комедони

Она што ја прави 101 Skin Clinic уникатна во својот пристап е тоа што ние користиме 100% природни хербални пилинзи. Кои се мешавина од 14 органски билки од различни крави на светот. Со помош на хербалниот ензимски пилинг, кој е специјално наменет за отстранување на вишокот на себум, елиминирање на нечистотиите како и мртвиот слој на клетки на кожата, на сосема природен, неинвазивен начин се чистат порите длабински. Без механичко повредување на порите и кожата, и нивно проширување.

Есенцијалните екстракти од органските билки помагаат во регулација на продукцијата на себумот во лојните поткожни жлезди. Дел од екстрактите преку природен процес ги разложуваат себумот и формираните комедони. И одвнатре ги чистат порите на кожата. Нежната ексфолијација на површинскиот слој на кожата богат со мртви клетки пак овозможува забрзување на процесот на регенерација со нов слој на клетки. Редовното одржување на чистотата на порите и регулацијата на себумот дава беспрекорно мазен, чист и природно блескав изглед на кожата. Со помош на специјалниот хербален ензимски пилинг за одржување на порите се подобрува и еластичноста на порите и севкупната структура и текстура на кожата.

На овој начин се превенира појавување на комедони. Кои се честа појава и се резултат на хормонски дисбаланс и зголемена продукција на себум во поткожните лојни жлезди, неправилно и нередовно чистење на кожата и пред се неадекватна нега со козметички препарати кои не се компатибилни на вашата кожа. Некомпатибилните козметички препарати наместо да ја негуваат кожата ги затвараат порите. Го задржуваат мртвиот слој од клетки на површината на кожата и го спречуваат природниот циклус на замена на мртвите клетки со нови.

Со помош на ВИСИА 360 комплексната анализа на кожата можеме не само да видиме дали користите адекватна козметика која е делотворна за вашиот тип на кожа туку и да детерминираме сет на третмани и козметички препарати кои ќе помогнат во одржувањето и негувањето на убавата и чиста кожа.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic