ЛЕД терапија против акни
ЛЕД терапија против акни-2

Преглед на Третманот

Што е тоа ЛЕД терапија против акни?

Додека ласерите се користат многу години за лекување на проблеми со кожата како што се акните и пост-воспалителната хиперпигментација, истражувањата покажуваат дека не-ласерските светла даваат уште поголеми придобивки во третманот на акни и хиперпигментации од акни. Третманот е комплетно безболен и за разлика од обичните ласери поради неговата неинвазивност нема никакви несакани ефекти по вашата кожа. Токму поради неинвазивноста, подобрите резултати и неможноста да предизвика несакани ефекти по кожата ЛЕД терапија се повеќе се користи како алтернатива на инвазивните ласерски третмани.

За третман на воспалени акни и пост-воспалителни хиперпигментации (црвенило кое настанува како резултат на акните), првенствено се користи сина ЛЕД светлина. Сината светлина е спектар на светлина (бранова должина од 415 нанометри) што се користи за третман на кожни состојби поврзани со акните. А истражувањата откриваат многу други здравствени придобивки од ЛЕД терапијата, како што е олеснувањето на болката.

Терапија со сина светлина за акни

Голем број на состојби може да се третираат со терапија со сина светлина, вклучувајќи:

Воспалени акни

Терапијата со сина светлина покажа вистински успех во третманот на воспалените акни (цистични акни, акни вулгарис, пустуларни и хормонални акни), форми на акни кои се тешки и не реагираат добро на други третмани. Сината светлина е во состојба да навлезе во фоликулите и порите на кожата кои содржат бактерии кои предизвикуваат воспаление и затоа предизвикуваат акни.

Придобивките од третман на сина светлина вклучуваат:

  • Ги убива бактериите на акни
  • Го намалува воспалението
  • Ја намалува болката поврзана со акните
  • Антимикробно
  • Го забрзува време на заздравување на воспалени акни
  • Го намалува црвенилото како последица на акните

Природниот фотоодинамски ефект на сината светлина работи со убивање на бактериите Propionibacterium acnes или P. acnes на кожата. Кога бактериите повеќе не можат да се хранат со себумот од лојните жлезди, црвенилото и воспалението почнуваат да се повлекуваат.

Во 101 SKIN CLINIC, терапијата со сина светлина се користи со комплементарниот сет на препарати предодреден со нашата програма за третман на акни.

Терапија со сина светлина за акни дури може да се користи за отстранување на лузни кои првично биле предизвикани од акни.

Денес, можете да најдете десетици апаратчиња кои ви нудат третман на акни со ЛЕД светлина. Тоа значи дека само моќни ЛЕД уреди со доволна концентрација и јачина на сина светлина по сантиметар кубен, може да понуди ефикасен третман на сите форми на акни почнувајќи од црни комедони, бели комедони, папули и пустули па се до нодули и цистични акни.

Поствоспалителна хиперпигментација

Црвените / кафеавите точки кои се појавуваат како траги од акните се форма на хиперпигментација, а не лузни како што веруваат многу луѓе. Оваа дисколорична кожа (наречена пост-воспалителна хиперпигментација) е предизвикана од траума на погодената област на кожата.

Добрата вест е, што со правилен третман, оваа хиперпигментација целосно може да исчезне. Без употреба на клинички третмани како што е LED-терапијата и Корективниот хербален Ц пилинг, овој процес може да трае со години. Меѓутоа, со терапија со ЛЕД интензивни третмани, корективен хербален Ц пилинг, заедно со употреба на локална хербална 101 Е формула за домашна терапија, хиперпигментацијата може да исчезне во рок од 3-6 месеци.

Клиничките истражувања покажале дека терапијата со сина светлина ја намалува дисколорацијата на кожата во рамките на 8-12 неделни клинички третмани.

Што да очекувате

Ќе ви бидат дадени очила за да ги заштитите очите; тогаш ЛЕД светлината ќе се аплицира на целото лице.

Сесиите за третман може да траат 20-30 минути, во зависност од големината на третираната област и дали претходно е аплициран соодветен хербален пилинг за регулација на себумот.

Уредот со LED светлина всушност не ја допира вашата кожа, туку уредот стои на одалеченост од околу 8-10 сантименти над лицето и се чувствува мала топлина.

После постапката на ЛЕД терапија, можете веднаш да се вратите на вашите нормални дневни активности.

Мало црвенило може да се забележи по постапката, иако тоа е привремено.

Предности на ЛЕД терапијата

Терапијата со сина светлина се смета:

  • за безбеден и нежен третман
  • комплетно безболен
  • соодветен за третман на сите делови од телото зафатени со акни

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic