Ice-pick лузни од акни
Ice-pick лузни од акни-2

Преглед на Проблемот

Што се тоа ice-pick лузни?

Ice-pick лузните се вообичаен вид лузни кои можат да се појават како резултат на процесот на заздравување на акните. Тие се појавуваат како мали, остри вдлабнатини кои се пошироки на површината на кожата и се стеснуваат во точка кога стигнуваат долу во кожата. Тие не се секогаш со иста големина како оригиналната лезија на акните што ги предизвикала, бидејќи големината зависи од тоа како кожата заздравува.

Ice-pick лузните се почести во области на лицето каде кожата е потенка, како што се челото и горниот образ, и се едни од најтешките видови лузни од акни за лекување.

Кои фактори придонесуваат кон формирање на Ice-pick лузни?

Како и сите лузни од акни, формирањето на Ice-pick лузни во голема мерка зависи од тоа како кожата заздравува. Ако имате тенденција кон создавање лузни лесно, тогаш постои поголема веројатност дека ќе развиете лузни од акни.

Воспалението исто така игра клучна улога во развојот на лузни од акни. Колку подлабоко воспалението од лезии на акните достигнува во кожата, толку е поголема веројатноста да се појават лузни по заздравувањето. Ова е една од причините поради што е важно да се третираат акните што е можно поскоро, за да се намали ризикот од длабоко воспаление.

Честото допирање или стегање на акните може да ја оштети кожата и да доведе до зголемена шанса за појава на лузни. Не се препорачува да ги стискате акните. Сепак, во реалноста многу луѓе го прават тоа во обид да го отстранат гнојот.

Исто така, веројатноста да развиете лузни од акни е поголема доколку сте пушач, бидејќи пушењето доведува до зголемен ризик од лузни воопшто.

Третман на Ice-pick лузни

Третманот на Ice-pick лузните се одвива во две фази. Третманите во првата фаза за Ice-pick лузни се дизајнирани да ја намалат длабочината на лузната, така што површината на кожата да се врати во првобитната мазна состојба. Третманите во втората фаза за Ice-pick лузни се насочени кон намалување на дисколорациите (обезбојувањето) на новата мазна кожа на лузната.

Важно е да се запамети дека третманите за намалување на лузни е потребно да ги изведува лице искусно во третманот на акни и лузни од акни. Освен искуството, од клучна важност се и методите кои тој ги користи со цел ефикасно решавање на овој проблем.

Во нашиот центар за акни се користат исклучиво природни хербални препарати за кои постои научна и клиника докажаност за нивната ефикасност. Надополнети со одобрена апаратурна технологија и методологија на работа за различен вид на лузни од акни.

Препаратите и технологиите што ние ги користиме обезбедуваат масимална заштита на здравјето на клиентите, без скоро никакви нус ефекти. Ова е голема предност ако се има во предвид фактот дека многу методи кои се користат денес во светот можат да имаат низа несакани ефекти како што се изгореници на кожата, иритации, алергиски дерматити, промени во бојата на кожата (дисколорации) и сл.

Третмани во првата фаза

TCA CROSS Третман

TCA CROSS е еден од најуспешните третмани за решавање на проблемот со длабоки лузни од акни како што се ајс пик, бокс кар и ролинг лузни. Третманот се состои од директно изложување на длабоките лузни од акни на висока концентрација на трихлороацетна киселина.
Вашата кожа ќе биде длабински исчистена со помош на гел за отстранување на маснотии, алергени и иританти од длабоките слоеви на порите,
Пилинг со висока концентрација (50-100%), надворешно, локално се аплицира единствено во основата на длабоката лузна со помош на посебен микроскопски прецизен уред, со цел да се промовира ремоделирање на депресивната колагенска структура,
Степенот на подобрување на лузните зависи од бројот на сесиите на третманот
Одлични резултати се воочуваат кај скоро сите клиенти после 3 до 6 сесии,
Третманот е целосно безболен, неинвазивен и безбеден доколку го спроведува искусно и обучено лице.

RF MicroNeedling

RF MicroNeedling има за цел да ги ублажи подлабоките лузни од акни преку стимулирање на нов колаген и еластин во длабоките слоеви на кожата, притоа заобиколувајќи го нај површниот слој на кожата кој е најмногу склон кон несакани ефекти. Со помош на микроубоди од неколку милиметри поткожно се создаваат минијатурни повреди на ткивото во лузната. Додека пак радиофрекфентниот сигнал во поткожните слоеви на лузната иницира реакција на факторите на раст. Овие два ефекти истовремено овозможуваат телото да започне процес на заздравување и содавање на нов колаген во внатрешноста на лузната. Колагенот е тој кој што ја прави кожата еластична. Преку новиот колаген се пополнува длабината на лузната и истата се израмнува. Ефикасноста на овој третман е одреден од длабочината на иглите и интензитетот на радиофрекфентниот сигнал. Нашиот тим има големо практично искуство кое гарантира максимален можен ефект од RF MicroNeedling третманот на лузни.

Карбокситерапија против лузни

Карбокси терапијата е уникатна процедура која подразбира инфузија на јаглероден диоксид со помош на мезотераписки систем. Самата постапка е безболна и брза. Механизмот на дејство е следен: го забрзува процесот на циркулација на крвта и на тој начин ги тера црвените крвни зрнца да ослободуваат кислород а во замена да го врзуваат јаглеродниот диоксид со себе за да што побрзо го елиминираат од вашето тело. Како резултат на оксигенацијата во третираната област се овозможува подобрување на процесот на заздравување преку потхранување на кожата со кислород и на тој начин создавање на колаген и еластин во областа која е зафатена со лузна. Новосоздадениот колаген и еластин ја прави кожата поцврста, посветла и ги израмнува лузните.

Хербален C PEEL

Станува збор за 100% хербален пилинг на кожата. Развиен е од страна на германски институт пред повеќе од 65 години. Претставува длабински ексфолијант кој во рок од само 5 дена овозможува целосно регенирање на кожата и одлупување на површинскиот слој на кожата. Без никакви хемикалии и супстанци кои имаат или би можеле да имаат нус ефект по вашата кожа. Хербалниот C PEEL се користи во комбинација со RF MicroNeedling третманот заради постигнување на комплементарни резултати. Додека RF MicroNeedling третманот индуцира колаген кој ја израмнува лузната, хербалниот C PEEL ја регенерира структурата на кожата длабински и ја отстранува дисколорацијата на лузната со што се изедначува тенот на кожата на целото лице. Крајниот ефект е кожа без лузни и пигментации.

Плазма био филер

Овој третман во основа функционира на база на вбризгување на плазма био филер директно во вдлабнатините на лузната и на тој начин ја исполнува нерамнината до измазнување на кожата. Плазма био филерот е 100% природна супстанција која е дел од нашата плазма и која е задолжена заедно со колагенот за младешкиот изглед и структура на кожата.

Третмани во втора фаза

Хербален B PEEL

Станува збор за 100% хербален пилинг на кожата. За разлика од C PEEL, овој хербален пилинг има површински ефект на израмнување на нерамнините на кожата, подобрување на структурата на кожата, како и враќање на хидролипидниот баланс на кожата. Третманот дава визуелни ефекти веднаш. Кожата на изглед станува сјајна, мазна, хидрирана. За овој тип на хербален пилинг не постои време за опоравување што значи веднаш после третманот можете да се вратите на вашите секојдневни обврски, без никакви ограничувања. Хербалниот B PEEL има неверојатен ефект на отстранување на површинските дисколорации и пигментни дамки кои се јавуваат на кожата после акни.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic