Што е тоа пост-воспалителна еритема на кожата?
Пост-воспалителна еритема на кожата е вообичаен несакан ефект на процесот на заздравување на акните, каде делот околу лезијата на акните ја менува бојата на вашиот природен тен на кожата. И се остава флека откако ќе заздрави лезијата на акните.
Лезии на акните можат да предизвикаат пост-воспалителна еритема на кожата на бројни начини. Крвните садови во пределот на лезијата може да се разредат како дел од заздравувачкиот одговор на телото, оставајќи ја кожата да изгледа црвена или виолетова. Оштетување на клетките на кожата од лезии на акните може да предизвика и клетките да ослободат повеќе меланин, што е пигмент што предизвикува кожата да изгледа кафеава.
Понекогаш телото самостојно ќе ги исчисти овие промена на бојата на кожата со текот на времето и кожата ќе се врати во првобитниот тен. Сепак, овие промени на кожата може и да не заздрават и можат да останат како трајни флеки на кожата.
Обојувањето на кожата како резултат на акните може да се појави на кое било место на телото каде што се формираат акни и во голема мерка зависи од тоа како кожата заздравува.
Кои фактори придонесуваат кон формирање на пост-воспалителна еритема на кожата?
Воспалението игра улога во појавата на флеки на кожата. Колку подлабоко воспалението од лезии на акните достигнува во кожата, толку е поголема веројатноста за промена на бојата на кожата. Ова е една од причините поради што е важно да се третираат акните што е можно поскоро, за да се намали ризикот од длабоко воспаление.
Честото допирање или стегање на акните може да ја оштети кожата и да доведе до зголемена шанса за појава на флеки на кожата. Не се препорачува да ги стискате акните. Сепак, во реалноста многу луѓе го прават тоа во обид да го отстранат гнојот.
Исто така, веројатноста да развиете пост-воспалителна еритема од акни е поголема доколку сте пушач, бидејќи пушењето доведува до зголемен ризик од оштетување на кожата воопшто.
Третман на пост-воспалителна еритема
Важно е да се запамети дека третманите за отстранување на флеки од акни е потребно да ги изведува стручњак искусен во третманот на акни и лузни од акни. Освен искуството, од клучна важност се и методите кои тој ги користи со цел ефикасно решавање на овој проблем.
Во нашиот центар за акни се користат исклучиво природни хербални препарати за кои постои научна докажаност за нивната ефикасност. Надополнети со одобрена апаратурна технологија и методологија на работа за различен вид на лузни од акни.
Препаратите и технологиите што ние ги користиме обезбедуваат масимална заштита на здравјето на клиентите, без скоро никакви нус ефекти. Ова е голема предност ако се има во предвид фактот дека многу методи кои се користат денес во светот можат да имаат низа несакани ефекти како што се изгореници на кожата, иритации, алергиски дерматити, промени во бојата на кожата (дисколорации) и сл.
IPL терапија
Терапијата со интензивна пулсна светлина (IPL) цели на области на хиперпигментација без да влијае на епидермисот или на поткожните ткива. Овој третман е малку сличен на ласерското обновување, но за разлика од ласерската енергија, IPL енергијата се апсорбира само од специфични тенови на ткиво. Во овој случај, засегнати се само клетките одговорни за хиперпигментацијата.
hebrs2peel корективен C хербален пилинг
hebrs2peel е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и елементи во трагови.
Овој уникатен метод за регенерација на кожата користи само чисти, природни растителни состојки. И е многу безбедна и успешна, нехируршка процедура. Билките се комбинираат со специјално развиени производи и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните слоеви на кожата. Додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. При допирање на третираната кожа, клиентите чувствуваат „несакан ефект“. Демонстрирајќи ги ефектите на хербалните честички во кожата за подолг временски период. Циркулацијата на кожата е зголемена, се стимулира регенерацијата. Моќен метод заснован на моќта на чистите билки.
За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel корективниот C хербален пилинг е целосно природен и органски. Без никакви хемиски или синтетички состојки и не предиѕвикува никакви споредни ефекти по вашето здравје.