Што е тоа Фракционен микрониделинг против лузни?
Фракционен микрониделинг против лузни користи технологија патентирана во 2019 година, која во себе инкорпорира две техники и тоа радиофревенца и микрониделинг мезотерапија истовремено. Се работи за автоматизиран уред кој најпрвин ја скенира површината на кожата која треба да се третира. Со помош на современи сензори и вграден софтвер, РФ Микрониделинг апаратот одредува за каков тип на лузни станува збор. Оваа технологија дава исклучително добри резултати и успешно третира депресивни лузни. Што значи дека доколку софтверот утврди дека се работи за друг тип на лузни од акни тогаш системот нема да се активира.
Како делува фракциониот микрониделинг?
Механизмот на дејство на РФ Микрониделинг технологијата се состои од микро убоди во длабочина која е иста со длабочината на лузната. При самите микроубоди, покрај микрораничките кои настануваат во долниот дел од кожата, се испушта и радиофревентен сигнал. Микроубодите и радиофревентниот сигнал ги активираат факторите на раст кои се сместени во подкожното ткиво. Овие фактори на раст преку сигнални патеки го активираат производството на колаген во кожата. На тој начин кожата сама се обновува а лузната измазнува преку нејзино длабинско пополнување со сопствен колаген.
Каков тип на лузни третира фракциониот микрониделинг?
РФ Микрониделинг технологијата е еден од најуспешните нови третмани специјално наменет за третирање на депресивни лузни од акни.
Третманот е безбеден, без никакви споредни ефекти и нус појави и е скоро безболен.
Дали овој третман може да се комбинира со други третмани?
Овој третман по потреба може да се комбинира со Корективниот хербален Ц пилинг, во случај кога сакаме да ги забрзаме ефектите од третманот.