Комплексна Анализа на Акни

Комплексна анализа на акни е првиот чекор кон решавање на проблемот со акни.
Секоја кожа е уникатна, со индивидуални специфчности и карактеристики. Затоа ви е потребен индивидуален план на третман прилагоден специјално за вашиот проблем со акни. А не некој униформен план што им се дава на сите клиенти.
Комплексната анализа на акни опфаќа неколку постапки и аспекти кои е потребно да се утврдат, а се однесуваат на следното:

  • Одредување на типот на акни (инфламирани, неинфламирани или комбинирани) и толеранција на кожата.
  • Евалуирање на хормоните, дигестивниот систем и нивото на стрес заради согледување на дисбалансот кој може да предизвика акни.
  • Препораки на хербални додатоци за да помогнеме повторно да се врати балансот на телото одвнатре.
  • Препораки на препарати за домашна нега и третмани кои ќе ви помогнат во решавањето на проблемот со акни.
  • Едукација за животните навики кои ги влошуваат акните-храна, апчиња за контрацепција (тие не секогаш помагаат за акни), лекови и стрес.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Зошто се појавуваат Акни

Постојат многу фактори кои одредуваат дали едно лице ќе има кожа склона кон акни или не. Битно е да се напомене дека постојат неколку причини кои доведуваат до појава на акни, и во најголем број на случаи тие се мегусебно поврзани. Во причини кои се утврдени дека можат да предизвикаат појава на акни се вбројуваат: генетика, хормони, стрес, начин на исхрана, лекови, фактори на животната средина, лични навики и козметика. Еден или повеќе од овие фактори можат истовремено да се манифестираат како причина за појава на акни.

Типови на акни

Сите акни започнуваат во фоликулот на косата. Секој фоликул на косата е составен од три главни компоненти: врат на фоликул, влакно и лојна жлезда која излачува себум.

Клетките на кожата кои се наоѓаат во вратот на фоликулите се заменуваат со нови на секои дваесет и осум дена. Кај акните, клетките кои го обложуваат ѕидот на фоликулот произведуваат премногу кератин (супстанца што помага да се заштити кожата од оштетување). Овој вишок кератин може да предизвика лепење на мртвите клетки на кожата, што ги прави потешки за одлупување.

Клетките што не се одлупуваат, се мешаат со протокот на себум кој го произведува лојната жлезда и може да формира блокада на фоликулот на косата. На овој начин започнува формирањето на повеќето акни. Иако, понекогаш блокадата може да дојде и од надвор, од фоликулот на косата, кога супстанциите (како што се шминка, пот и масло на површината на кожата) влегуваат во отворот на фоликулот и стануваат заробени.

Овие рани блокади се познати како микрокомедони и се премногу мали за да се видат со голо око.

Тип на кожа и акни

Бидејќи акните се појавуваат кога телото произведува вишок себум (масло), лесно е да ги асоцирате акните со сјајна, масна кожа. Вистината е, сепак дека акните можат да влијаат на сите типови кожа – масна, нормална, комбинирана и да, дури и сува кожа. И актуелните лекови против акни може да предизвикаат дополнителна сувост на кожата бидејќи некои состојки се дизајнирани да ги убијат акне бактериите и отпушат порите.

Видови на акни

Акните се состојба на кожата која може да се појави кај различни возрасни групи и на различни делови од телото. Во тој конеткст се разликуваат повеќе видови на акни започнувајќи од најчестата форма на акни позната како акне вулрагис. Покрај овој вид на акни, се почесто се среќаваат и акне механика, акне ексцорие, фоликулитис и сл.

Третмани против акни

Мултифакторијалната природа на акните го прави проблемот се покомплексен, но и науката успева да фати чекор со предизвиците кои ги става пред неа новиот век. Согласно на современите достигнувања во науката се менува и технологијата и трендовите кон успешни и сеопфатни третмани на акни. Исто така, денес ефикасноста на одреден третман, се проценува по строги критериуми во специјализирани установи. Затоа, 101 SKIN CLINIC Ви стави на располагање третмани кои се пред се одобрени од страна на најреспектирани и најпрестижни регулаторни институции, третмани кои се научно и клинички потврдени и ефикасни, но и се во согласност со светските трендови во третманот на акни и проблеми со кожа.