Што се тоа пеги на кожата?
Пеги се мали, безопасни дамки кои се појавуваат на кожата. Генетиката и изложеноста на сонце се основните причини за појава на пеги.
Некои луѓе имаат поголема веројатност да добијат пеги од другите, а тоа во најголем број случаи зависи од нивните гени и типот на кожата. Ако некое лице е генетски предиспонирано да развие пеги, изложеноста на сончева светлина може да биде тригер фактор за нивното рано појавување.
Пегите се чести кај децата и може да исчезнат или да станат помалку забележливи со текот на годините.
Што предизвикува пеги?
Пегите се појавуваат кога меланинот, пигментот кој и дава боја на кожата, се таложи под кожата. Пегите може да се јават во кафеава, црвена или потемна од тенот боја.
Изложеноста на сонце и генетските фактори прават некои луѓе со поголема веројатност да развијат пеги:
Изложеност на сонце
Клетките на кожата произведуваат дополнителен меланин за заштита на кожата од оштетување на сонцето. Ова е причината зошто пегите имаат тенденција да се појавуваат по изложувањето на сонце.
Пегите можат да се појават на голема површина на кожата и може да се појават повторно или да станат потемни во летните месеци. Пегите често бледнеат или исчезнуваат во зимските месеци, кога новите клетки на кожата ги заменуваат старите клетки.
Пегите се развиваат на области често изложени на сончева светлина, како што се:
- лице
- раце
- врат
- грб
- гради
Генетика
Генетиката исто така игра водечка улога во тоа кој е со поголема веројатност да развие пеги.
Телото може да произведе два вида меланин наречени феомеланин и еумеланин. Еумеланин ја штити кожата од УВ зраци, но феомеланинот не.
Видот на меланин што телото го произведува зависи од генот наречен MC1R.
Луѓето со темна коса, очи и кожа обично произведуваат претежно еумеланин и имаат помала веројатност да развијат пеги.
Луѓето со црвена, руса или светло-кафеава коса и кои имаат светло обоена кожа и очи обично произведуваат главно феомеланин и имаат поголема веројатност да развијат пеги.
Третман на пеги на кожата
Важно е да се запамети дека третманите за отстранување на пеги е потребно да ги изведува лице искусно во третманот на пеги и хиперпигментации. Освен искуството, од клучна важност се и методите кои тој ги користи со цел ефикасно решавање на овој проблем.
Во нашиот центар за акни се користат исклучиво природни хербални препарати за кои постои научна и клиника докажаност за нивната ефикасност. Надополнети со одобрена апаратурна технологија и методологија на работа за различен вид на хоперпигментации.
Препаратите и технологиите што ние ги користиме обезбедуваат масимална заштита на здравјето на клиентите, без скоро никакви нус ефекти. Ова е голема предност ако се има во предвид фактот дека многу методи кои се користат денес во светот можат да имаат низа несакани ефекти како што се изгореници на кожата, иритации, алергиски дерматити, промени во бојата на кожата (дисколорации) и сл.
IPL терапија
Терапијата со интензивна пулсна светлина (IPL) цели на области на хиперпигментација без да влијае на епидермисот или на поткожните ткива. Овој третман е малку сличен на ласерското обновување, но за разлика од ласерската енергија, IPL енергијата се апсорбира само од специфични тенови на ткиво. Во овој случај, засегнати се само клетките одговорни за хиперпигментацијата.
Што е тоа hebrs2peel корективен C хербален пилинг?
hebrs2peel е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и елементи во трагови.
Овој уникатен метод за регенерација на кожата користи само чисти, природни растителни состојки и е многу безбедна и успешна, нехируршка процедура. Билките се комбинираат со специјално развиени производи и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните слоеви на кожата додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. При допирање на третираната кожа, клиентите чувствуваат „несакан ефект“ – демонстрирајќи ги ефектите на хербалните честички во кожата за подолг временски период. Циркулацијата на кожата е зголемена, се стимулира регенерацијата. Моќен метод заснован на моќта на чистите билки.
За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel корективниот C хербален пилинг е целосно природен и органски без никакви хемиски или синтетички состојки и не предиѕвикува никакви споредни ефекти по вашето здравје.