Лични навики, козметика и акни
Лични навики, козметика и акни-2

Преглед на Проблемот

Лични навики, козметика и акни

Постојат многу фактори кои определуваат дали ќе искусите појава на акни и мозолчиња. Лични навики и козметика се една од причините за појава на акни. Некои од овие, како генетика или хормони, може да се вон ваша контрола. Но, кога станува збор за личните навики и производите што ги користите, тоа зависи пред се од вас. Изборот на соодветна козметика е особено важен за кожата склона кон акни. Според Националниот институт за здравство, масната козметика дури може да ги залепи клетике на фоликулите во самите пори, што пак моње да резултира со заробување на бактериите вантре во порите на кожата. И тука не станува ѕбор само за шминката; производите за нега на коса, сончање, па дури и кремите за хидратација можат да придонесат за формирање на акни ако ги затнат порите. Следете ги овие совети за добри навики и производи кои можат да помогнат во запирање на циклусот на акни.

Шминка за кожа склона на акни

(Да, дозволено е!)

Некоја шминка може потенцијално да ги влоши акните, но тоа не значи дека треба да одите на работа или со друштво без шминка. Шминкањето е одлично за покривање на акните и останатите недостатоци на кожата, но погрешната шминка може да ги влоши акните. Секогаш проверувајте го списокот со состојки на вашиот производ и избегнувајте ги оние со комедогени својства (можат да ги затнат вашите пори) . Кога станува збор за примена на шминка, имајте ги во вид овие две правила:

Како прво. Секогаш чистете го лицето пред да нанесете шминка и редовно исчистете ги четките за шминка, сунѓери и апликатори за да избегнете ширење на бактерии во порите.

Како второ. Немојте никогаш да ги споделувате вашите алатки за шминка со други луѓе. Преку споделување на алатките за шминкање вие всушност споделувате бактерии.

Барајте некомедогени состојки на етикетата

Козметичките препарати кои се етикетирани како „некомедогени“ или „неакногени” значи дека тие се специјално формулирани за да не ги затнат порите и, според тоа, се побезбедни за кожата склона кон акни. Ова е различно од поимите не-иритирачки или хипоалергични препарати. Секогаш тестирајте го производ на мала површина од вашата кожа за да видите дали предизвикува негативна или алергиска реакција пред да почнете да го употребувате.

Покривање на акни со шминка

Добро е да се користи шминка како начин за покривање на акните, но ние веруваме во пристапот „помалку е повеќе“. Користете што помалку производи за шминка и, идеално, колку помалку состојки во производот, толку подобро. Шминката треба да биде последната работа што ја ставате на лицето. Нашиот пристап кон утринската апликација на производи е (по редослед): чистење, гел за хидратација, крема со заштитен фактор за сончање и потоа шминка. И избегнувајте да носите шминка или козметички коректор додека вежбате. Дури и некомедогениот производ може да ги запуши порите кога се комбинира со топлина, триење и пот.

Производи за коса и сончање

Борбата против акните не запира со вашата шминка. Некои производи за коса (гел, восок, креми) можат да предизвикаат појава на акни на скалпот, доколку содржат состојки кои ја иритираат вашата кожа. Други може да ги затнат порите со тоа што ќе ги блокираат бактериите и мртвите клетки на кожата во нив. Истото важи и за други креми за нега на кожата и креми за хидратација. И запомнете, природното не значи секогаш подобро. Некои состојки можат да ги запушат порите иако се природни, но сепак имаат комедогена природа.

Наспроти популарното верување, изложеноста на сонце нема да ги исчисти вашите акни. Во најдобар случај, тоа ќе биде привремено маскирање за мозолчињата, но притоа се изложувате на ризик од преголема изложеност на сонцето, а прекумерната изложеност на сонце всушност може да ја исуши кожата и да предизвика акни. Како и со сè што ќе ставите на вашата кожа, одберете крема за сончање што е некомедогена.

Додека спиете, вашите клетки на кожата се во режим на поправка и обнова, па затоа е неопходно да ја отстраните вашата шминка пред да одите на спиење. Ова ќе овозможи вашата кожа да дише додека се обновува. Плус, одличното спиење во текот на ноќта ќе го намали стресот, кој е потенцијален хормонален активатор за акни!

Вежбање на правилни навики за нега на кожата, редовна рутина на чистење и хидрирање на кожата и користење на некомедогени производи може да помогне да се заштитите од појава и ширење на акните.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic