Микроинфузија на кожа
Микроинфузија на кожа-2

Преглед на Третманот

Што е Микроинфузија на кожа?

Микроинфузија на кожа е процедура при која што со помош на иновативен и патентиран апарат се врши микро испорачување на деривати на аминокиселини и хербални пигмент инхибитори до мезодермалниот слој на вашата кожа. Оваа напредна технологија за микроинфузија делува на четири нивоа.

Како се одвива третманот со Микроинфузија на кожа?

Најпрвин, ќе имате консултација за да разговарате за сите тековни состојби или лекови што ги земате и целите за нега на кожата.

За време на самиот третман, ќе се осигураме дека ви е пријатно. Иако третманот со микроинфузија на кожа обично не предизвикува болка.

Може да почувствувате мало чувство на пецкање или убод.. Тоа е всушност знак дека вашата кожа ги апсорбира микроелементите. Вашиот третман може да трае помеѓу 20-30 минути, во зависност од вашата специфична состојба.

По завршувањето на третманот, веднаш можете да се вратите на вашите секојдневни активности без никакви ограничувања. Третманот не остава никакви видливи траги дека сте биле изложени на некаков третман што значи скоро и да е незабележливо дека сте биле подложени на микроинфузија на кожа.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН

    На располагање Ви се врвни доктори, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ