Генетика и акни
Генетика и акни

Генетика 

Најчесто поставуваното прашање е: „Дали акните се резултат на генетика?“ Одговорот со еден збор е да, акните се далеку повеќе резултат на генетика отколку резултат на надворешни фактори. Генетиката на акните утврдува како реагира вашиот имунолошки систем на акне бактериите; едно лице може да развие само мали црни комедони, додека друго развива експлозивни црвени и поткожни нодули. Генетиката исто така игра улога во тоа колку лесно се запушуваат вашите пори. На пример, може да имате наследна склоност да препродуцирате мртви клетки на кожата, а потоа истите да се одлупуваат на начин што ќе ги запуши порите. Кога ова доведува до појава на акни и мозолчиња, сметајте дека тоа е резултат на вашата генетика. Не е ваша вина!

Она што ја прави наследната природа на акните толку фрустрирачка за многумина е тоа што генетиката на акни е непредвидлива. Дури и кај идентични близнаци, едниот близнак може да добие ситни мали мозолчиња што траат една недела, додека другиот развива цисти кои трајно ја оштетуваат кожата. Сепак, експертите се согласуваат дека ако и двајцата родители имале значителни акни, ризикот за развој на наследни акни е многу голем.

Се разбира, постојат и фактори на надворешната средина кои влијаат на акните. Но, во крајна линија, вашата генетика на акни може да биде основната причина за разбирањето и видот на акните што ги имате.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic