Какви се тие лузни од перифоликуларна еластолизата?
Лузни од перифоликуларна еластолиза, поинаку познати како лузни од PFE, се невообичаен вид лузни што можат да се појават како резултат на процесот на заздравување на акните.
PFE лузни се појавуваат како боја на кожа или жолтеникави лезии. Тие можат да бидат мали или прилично големи во обем и честопати се грешат дека се лезии на акните, особено кога се опкружени со лезии на акни. Тие се формираат со губење на протеин познат како еластин во кожата, што и помага на кожата по повредата да се врати во првобитната форма.
PFE лузните се почести на градите, грбот и рамената, каде кожата е подебела, иако можат да се појават околу линијата на вилицата.
Кои фактори придонесуваат кон формирање на лузни од перифоликуларна еластолиза?
Како и сите лузни од акни, формирањето на лузни од перифоликуларна еластолиза во голема мерка зависи од тоа како кожата заздравува. Ако имате тенденција кон создавање лузни лесно, тогаш постои поголема веројатност дека ќе развиете лузни од акни.
Воспалението исто така игра клучна улога во развојот на лузни од акни. Колку подлабоко воспалението од лезии на акните достигнува во кожата, толку е поголема веројатноста да се појават лузни по заздравувањето. Ова е една од причините поради што е важно да се третираат акните што е можно поскоро, за да се намали ризикот од длабоко воспаление.
Честото допирање или стегање на акните може да ја оштети кожата и да доведе до зголемена шанса за појава на лузни. Не се препорачува да ги стискате акните. Сепак, во реалноста многу луѓе го прават тоа во обид да го отстранат гнојот.
Исто така, веројатноста да развиете лузни од акни е поголема доколку сте пушач, бидејќи пушењето доведува до зголемен ризик од лузни воопшто.
Луѓето со потемни типови на кожа имаат поголем ризик од развој на подебели PFE лузни, бидејќи имаат различни генетски фактори кои ја зголемуваат веројатноста за појава на задебелени лузни.
Третман на лузни од перифоликуларна еластолиза
Третманот на лузни од перифоликуларна еластолиза се одвива во три фази. Третманите во првата фаза за лузни од перифоликуларна еластолиза се дизајнирани да го намалат прекумерното фиброзно ткиво, така што површината на кожата да се врати во првобитната мазна состојба. Третманите во втората и третата фаза за лузни од перифоликуларна еластолиза се насочени кон регенерација на структурата на кожата во лузната како и кон намалување на дисколорациите (обезбојувањето) на новата мазна кожа на лузната.
Важно е да се запамети дека третманите за намалување на лузни е потребно да ги изведува лице искусно во третманот на акни и лузни од акни. Освен искуството, од клучна важност се и методите кои тој ги користи со цел ефикасно решавање на овој проблем.
Во нашиот центар за акни се користат исклучиво природни хербални препарати за кои постои научна и клиника докажаност за нивната ефикасност. Надополнети со одобрена апаратурна технологија и методологија на работа за различен вид на лузни од акни.
Препаратите и технологиите што ние ги користиме обезбедуваат масимална заштита на здравјето на клиентите, без скоро никакви нус ефекти. Ова е голема предност ако се има во предвид фактот дека многу методи кои се користат денес во светот можат да имаат низа несакани ефекти како што се изгореници на кожата, иритации, алергиски дерматити, промени во бојата на кожата (дисколорации) и сл.
Третмани во првата фаза
Карбокситерапија против лузни
Карбокси терапијата е уникатна процедура која подразбира инфузија на јаглероден диоксид со помош на мезотераписки систем. Самата постапка е безболна и брза. Механизмот на дејство е следен: го забрзува процесот на циркулација на крвта и на тој начин ги тера црвените крвни зрнца да ослободуваат кислород а во замена да го врзуваат јаглеродниот диоксид со себе за да што побрзо го елиминираат од вашето тело. Како резултат на оксигенацијата во третираната област се овозможува подобрување на процесот на заздравување преку потхранување на кожата со кислород и на тој начин создавање на колаген и еластин во областа која е зафатена со лузна. Новосоздадениот колаген и еластин ја прави кожата поцврста, посветла и ги израмнува лузните.
Третмани во втора фаза
RF MicroNeedling
RF MicroNeedling има за цел да ги ублажи подлабоките лузни од акни преку стимулирање на нов колаген и еластин во длабоките слоеви на кожата, притоа заобиколувајќи го нај површниот слој на кожата кој е најмногу склон кон несакани ефекти. Со помош на микроубоди од неколку милиметри поткожно се создаваат минијатурни повреди на ткивото во лузната. Додека пак радиофрекфентниот сигнал во поткожните слоеви на лузната иницира реакција на факторите на раст. Овие два ефекти истовремено овозможуваат телото да започне процес на заздравување и содавање на нов колаген во внатрешноста на лузната. Колагенот е тој кој што ја прави кожата еластична. Преку новиот колаген се пополнува длабината на лузната и истата се израмнува. Ефикасноста на овој третман е одреден од длабочината на иглите и интензитетот на радиофрекфентниот сигнал.
Третмани во трета фаза
Salicylic Herbs Peel
Хербалниот салицилен пилинг претставува мешавина од билни екстракти и салицил добиен од кора на дрвото врба. Билните екстракти во составот овозможуваат природен неинвазивен третман на кожата. Овој пилинг е соодветен за светло до темни тонови на кожата. Истиот во голема концентрација се користи заради природно отсранување на дисколорациите на самите лузни.
Glycolic Herbs Peel
Претставува микс на билни екстракти и гликолинска киселина која е всушност екстракт на шекерна треска. Екстрактите пристутни во пилингот овозможуваат растварање на единствено мртвиот слој на клетки на површината на кожата без притоа да влијаат на здравиот слој на клетки. Овој пилинг највеќе одговара за лица со посветол тен на кожата. Истиот има ефект на изедначување на тенот на кожата и во делот на ткиво зафатено со лузни.