Хормони и акни
Хормони и акни-2

Хормони 

Кога станува збор за причините за појава на акни, она што се случува во внатрешноста на вашето тело е исто толку важно како и она што се случува однадвор. Хормоните, кои се хемиски гласници кои патуваат низ целото тело, координирајќи сложени процеси, како растот и метаболизмот, играат особено голема улога. Ова е особено точно за време на пубертетот, кога и момчињата и девојчињата почнуваат да произведуваат хормони наречени андрогени.

Андрогените хормони предизвикуваат зголемување на жлездите за производство на себум. И го зголемуваат производството на себум (природна супстанца која се излачува во кожата). Кога има зголемување на себумот и помалку одлупување на мртвите клетки на кожата, вашите пори стануваат запушени. И резултатот е хормонални акни, состојба која ги мачи дури 85% од сите тинејџери.

Хормонални акни кај жени

Стапката со која вашето тело произведува себум е под влијание на вашиот хормонален баланс. Кој варира и кај мажите и кај жените во текот на животот. Нормални варијации на естрогенот, хормонот одговорен за развој и регулирање на женскиот репродуктивен систем и нивото на андрогенот може да предизвика хормонални акни кај жените. Ова објаснува зошто жените честопати доживуваат хормонални акни не само во пубертетот. Туку и подоцна во животот, особено една недела пред нивниот менструален циклус.

Бременоста и кратко време по раѓањето (познато како „пост партум“) предизвикуваат зголемување на хормоните. Кои можат да предизвикаат хаос на кожата кај жената. Како што годините минуваат, за време на перименопаузата и менопаузата, нивото на хормоните може да се менува. Честопати предизвикувајќи дополнителни исфрлувања со акни. Жените со абнормално високи нивоа на андрогените хормони, како оние со синдром на полицистични јајници, се изложени на поголем ризик од развој на акни. Друг хормон за активирање на акни, кортизол, се ослободува од надбубрежните жлезди за време на стрес и честопати го активира циклусот на акни кај жените.

Да резимираме, хормоните и акните одат рака под рака кај жените и врската објаснува зошто многу жени доживуваат хормонални акни во своите 20-ти, 30-ти, 40-ти и дури 50-ти.

Хормонални акни кај мажи

Хормоните исто така предизвикуваат акни кај мажите. Додека и мажите и жените произведуваат андрогени, тестостеронот е еден вид андроген што се зголемува кај мажите за време на пубертетот. Со зрелоста, производството на себум кај повеќето мажи се нормализира, со што хормоните и акните се помалку проблем. Всушност, придобивка од тестостеронот е што истиот овозможува зголемување на дебелината на кожата кај мажите, објаснувајќи зошто тие имаат помалку брчки со годините.

Без разлика дали сте маж или жена, еден од најдобрите начини за лекување на хормонални акни е со докажан систем за третман на акни од 101 Skin Clinic кој може да ви помогне да ги спречите и лекувате акните, преку комплексен системски пристап кон суштината на проблемот и причините кои довеле до истите а не само нивните надворешни симптоми.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic