Што е TCA CROSS Третман?
TCA CROSS Третман е еден од најуспешните третмани за решавање на проблемот со длабоки лузни од акни како што се ајс пик, бокс кар и ролинг лузни. Третманот се состои од директно изложување на длабоките лузни од акни на висока концентрација на трихлороацетна киселина.
Што опфаќа TCA CROSS Третманот?
- вашата кожа ќе биде длабински исчистена со помош на гел за отстранување на маснотии, алергени и иританти од длабоките слоеви на порите,
- пилинг со висока концентрација (50-100%), надворешно, локално се аплицира единствено во основата на длабоката лузна со помош на посебен микроскопски прецизен уред, со цел да се промовира ремоделирање на депресивната колагенска структура,
- степенот на клиничко подобрување на лузните зависи од бројот на сесиите на третманот
- одлични резултати се воочуваат кај скоро сите пациенти после 3 до 6 сесии,
- третманот е целосно безболен, неинвазивен и безбеден доколку го спроведува искусно и обучено лице,
- времетраењето на една сесија на третман е околу 30 до 40 минути.
Колку време е потребно за опоравување на кожата после TCA CROSS Третманот?
Се работи за минимално инвазивна процедура со мошне кратко време на опоравување на кожата. Можете да се вратите на вашите нормлани активности само неколку часа после третманот.
Како да се подготвите за TCA CROSS Третман?
- Избегнувајте солариум и директна изложеност на сонце најмалку 2 недели пред секој третман,
- задолжително користете крема за заштита од сонце со фактор најмалку 30 или повеќе во текот на целиот активен период на третман,
- доколку користите, запрете со користење на производи кои во себе содржат алфа хидрокси киселина и ретиноиди, најмалку 2 до 3 дена пред третманот,
- деловите од кожа кои се третираат не смеат да имаат отворени ранички или кожни инфекции,
- овој третман не се препорачува кај бремени жени и доилки.
Што опфаќа планот со инструкции после TCA CROSS Третманот?
- Бели лушпички ќе бидат видливи над третираните лузни во следните 6 до 12 часа после третманот,
- третираните точки на кожата можат да бидат сензитивни, суви и да изгледаат розево, црвено обоени или да се малку отечени најмногу 24 до 48 часа после третманот,
- после 2 до 3 дена мали красти ќе се појават на третираните лузни кои ќе отпадна после 3 до 7 дена,
- ретко се случува да почуствувате дискомфорт кој може да се регулира со ствање на ладни облоги во траење од 15 мин на секој час неколку пати во денот,
- избегнувајте изложеност на топлина, или прекумерно потење, сауни, топли облоги, или топли тушеви,во првите неколку дена после третманот, затоа што истите можат да доведат до појава на плускавци и дополнителни комплаикации,
- редовно аплицирајте ги локалните пост третман препишани препарати,
- хидратантен серум може да се аплицира 2 до 3 пати двневно или по потреба со цел да се смали појавата на мали перутења на кожата,
- за време на процесот на заздравување, избегнувајте стискање, гребење, чешање, ексфолијација на кожата за да избегнете евентуална иритација и ризик од пигментни промени,
- се препорачува избегнување на шминка на првиот ден на третманот, следниот ден може да се нанесе минерална пудра на лицето,
- избегнувајте директна изложеност на сонце или солариум од 2 до 4 недели после третманот, и задолжително користете заштитна крема со најмалку фактор 30 и повеќе, која во себе содржи цинк или титаниум со цел да спречите евентуални пигментни промени на кожата,
избегнувајте електролиза, депилација на лице, или восок за депилирање барем 2 недели после третманот.
Дали TCA CROSS Третманот може да се користи кај сите форми на лузни од акни?
Овој третман е единствено ефикасен и дава одлични резултати само доколку се користи за длабоки ајс пик лузни од акни, додека за бокс кар и ролинг лузни од акни се користат друг вид на третмани кои се адекватни на формата на лузната од акни.