Розацеа
Розацеа-2

Преглед на Третманот

Што е розацеа?

Розацеа е хронично заболување на кожата, кое погодува повеќе од 16 милиони Европјани. Причината за розацеа сеуште е непозната. Симптомите можат да се третираат и успешно стават под контрола иако за сега не постои лек за розацеа.

Постојат четири подвидови на розацеа. Секој подтип има свој сет на симптоми. Можно е да имате повеќе од еден подтип истовремено.

Главен симптом се мали, црвени, гнојни испакнатини на кожата. Кожата е црвена со изразити површински капилари кај повеќето случаи. Типично, оваа состојба влијае само на кожата на носот, образите и челото.

Симптомите се јавуваат во циклуси. Ова значи дека симптомите траат со недели или месеци, исчезнуваат, а потоа пак се враќаат.

Видови на розацеа

Четирите видови на розацеа се:

  • Подтипот еден, познат како еритематотелангиеектастична розацеа (ЕТР), е поврзан со црвенило на лицето и видливи крвни садови на кожата.
  • Подтип два, папулопустуларна (или акни) розацеа, е поврзан со појава на акни, и често влијае на жени на средна возраст.
  • Подтип три, познат како ринофима, е ретка форма поврзана со задебелување на кожата на вашиот нос. Обично влијае на мажите и често е придружено со друг подтип.
  • Подтипот четири е познат како окуларна розацеа, а нејзините симптоми се центрирани на областа околу очите.

Што предизвикува розацеа?

Причината сеуште не е утврдена. Може да биде комбинација на наследни и еколошки фактори. Познато е дека некои работи можат да ги влошат симптомите на розацеа. Овие вклучуваат:

  • јадење зачинета храна
  • јадење производи што содржат соединение цинамалдехид, како цимет, чоколадо, домати и цитрус
  • пиење топло кафе или чај
  • присуството на цревни бактерии Helicobacter pylori
  • кожни габички наречени demodex и бактеријата што ја носат, Bacillus oleronius
  • присуство на кателицидин (протеин кој ја штити кожата од инфекција)

Ризик фактори за појава на розацеа

Розацеа често се развива кај луѓе на возраст помеѓу 30 и 50 години. Исто така, почеста е кај луѓе кои имаат светла кожа и имаат руса коса и сини очи.

Исто така, постоји генетска врска кај розацеата. Поверојатно е да развиете розацеа ако имате семејна историја на состојбата. Жените, имаат поголема веројатност да развијат розацеа отколку мажите. Сепак, мажите кои развиваат розацеа често имаат потешки симптоми.

Третман на розацеа

Иако не постои лек, сепак постојат третмани кои успешно ги ставаат под контрола симптомите на розацеа. Во нашиот центар на располагање ви се неколку третмани. Се работи за неинвазивни третмани засновани на примена на нова современа технологија и пред се природни производи со што целосно се избегнува било каков негативен ефект по однос на вашето здравје.

Кој тип на третман ќе биде применет во најголема мера ќе зависи од подтипот на розацеа кој го имате. Така доколку се работи за подтип еден тогаш би ви препорачале микроинфузија на кожа, доколку се работи за подтип два ефикасен третман би бил комбинација од нова IPL терапија во комбинација со микроинфузија.

Целта на овие третмани е најпрвин да се уништи хиперпродукцијата на габичките демодекс, да се спречи процесот на ангиогенеза во кожата преку микроинфузирање на антиангиогенезни фактори во површинскиот слој на кожата, епидермисот. Истовремено кај лица со изрзити површински капилари на кожата како дел од протоколот може да се препорача и ефикасна радиофреквентна терпаија за отстранување на видливите капилари на носот и образите.

Протокол на третман

Комплексна Анализа на Кожа

Длабинска анализа на кожата со најсовремена опрема, овозможува индикација на одговарачки третман за Вашата кожа.

Индивидуален План за Третман

Креираме план за индивидуален третман кој се состои од различни модалитети на третман, од најнови протоколи базирани на наука, па се до природни препарати, засновани на нашето долгогодишно искуство.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, го следиме индивидуалниот напредок и користиме фотографии за да го споредиме напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Побарајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Грижете се за Вашата кожа. Таа е облека која ќе ја носите секој ден до крајот на Вашиот живот.

101 Skin Clinic