Акни кај возрасни лица се јавуваат подеднакво како кај машкиот така и кај лица од женскиот пол. Но особено се присутни кај жените. Истите можат да се манифестираат поинаку од акните кај адолесцентите

Што се тоа акни кај возрасни лица

Луѓето честопати мислат дека акните се состојба што ги погодува исклучиво тинејџерите. И која исчезнува природно после адолесценцијата. Меѓутоа, различни студии покажуваат дека акните се голем проблем и кај значителен процент на возрасни лица. Акните кај возрасни нормално се дефинираат како акни кај лица постари од 25 години.

Трите типа на акни кај возрасни лица

Постојат три вида на акни кај возрасни лица.

  • Упорни акни кои се појавуваат за време на адолесценцијата. И продолжуваат да траат се до зрелоста
  • Акните со доцен почеток започнуваат за време на зрелоста. И ги погодуваат луѓето кои не страдале од акни за време на адолесценцијата
  • Повторувачки акни. Кои за првпат се јавуваат за време на адолесценцијата, кратко исчезнуваат само за да се вратат во одреден период од зрелоста

Причини за појава на акни кај возрасни лица

Ајде да ги објасниме подетално факторите кои влијаат на појава на акни.

Ендокрина абнормалност (нерамнотежа на хормони)

Акните генерално се предизвикани од нерамнотежа на хормоните, кои се произведени од ендокриниот систем. Андрогените, кои се машки хормони, се исто така присутни кај жените во помал степен, и се главно одговорни за активирање на акни. Зголеменото производство на овие хормони придонесува за следниве настани, кои работат заедно за да предизвикаат акни.

  1. Зголемено производство на себум (масло за кожа) во порите
  2. Порите на кожата кои се затнати од протеинот кератин – овој протеин го произведуваат клетките на кожата наречени кератиноцити
  3. Зголемен раст на бактериите Cutibacterium acnes (C. acnes), кои живеат на површината на кожата кај секого – без оглед дали има акни
  4. Воспаление, што е карактеристика што ги прави мозолчињата црвени и отечени

Аклите кај адолесцентите обично поминуваат со возраста – кога нивото на хормоните се стабилизира. Меѓутоа, акните кај возрасните сè уште се појавуваат кај некои луѓе од причини што не се целосно јасни

Генетска предиспозиција (гени)

Ако родителите на некоја личност страдаат од одредена болест, постои голема веројатност таа болест да се развие и кај нивните потомци. Во случај на акни кај возрасни, луѓето со роднини или семејна историја на акни кај возрасни имаат поголема веројатност да се справат и со нив. Сепак, студиите откриле дека, покрај генетиката, факторите на околината исто така можат да придонесат кон појава на акни кај возрасни лица.

Акне бактерии

C. Acnes бактериите се размножуваат во внатрешноста на порите и можат да придонесат за црвенило што го гледаме кај воспалени мозолчиња.

Комедогени состојки

Некои козметички препарати за нега на кожата содржат комедогени состојки кои ги затнуваат порите.

Емоционален стрес

Не е докажано, но некои истражувачи веруваат дека стресот влијае на тоа како имунолошкиот систем реагира на инфекции, вклучително и инфекции од C. Acnes бактериите. Стресот исто така може да влијае на тоа како телото ги регулира хормоните, кои можат да предизвикаат акни.

Пушење

Не сите научници се согласуваат дека пушењето предизвикува појава на акни – некои студии ја поддржуваат оваа идеја, а некои не. Некои истражувачи сугерираат дека пушењето резултира со појава на акни со промена на составот на себум.

Диета

Се повеќе студии укажуваат на фактот дека начинот на исхрана во голема мера влијае на целокупното здравје а посебно на можноста за појава на акни. Механизмот на дејство на храната за појава на акни е повекедимензионален.

Споредба на карактеристиките кај возрасни и адолесцентни акни

Постојат некои забележителни разлики во тоа како акните ги напаѓаат возрасните во споредба со адолесцентите. Акните кај возрасни имаат тенденција да влијаат на жените повеќе отколку на мажите, додека адолесцентните акни ги погодуваат момчињата повеќе од девојчињата. Возрасните со акни имаат помалку комедони (запушени пори) отколку адолесцентите со акни, но акните кај возрасните можат да создадат мозолчиња со повеќе воспаленија. Следствено, акните кај возрасните доведуваат до лузни почесто од акните кај адолесцентите. Акните кај возрасните и кај адолесцентите можат да влијаат на лицето, вратот и торзото. Неколку студии покажаа дека акните кај возрасните се особено присутни на области во близина на образите, брадата и вилицата и кај мажи и кај жени.

Како се третираат акни кај возрасни лица

Третман на акни кај возрасни мажи: Лекувањето на акни кај возрасни мажи е далеку поедноставно отколку кај возрасни жени. Третманот пред се опфаќа регулирање на повисоките нивоа на адрогени хормони со помош на природни ДХТ блокатори на системско ниво. Во комбинација со природни адаптогени и мали промени и прилагодувања кон поздрав начин и стил на живеење се од голема важност за постигнување на успешност во третманот. Локална терапија со хербална формула како и клинички третмани за отстранување на веќе постоечките акни се неопходни за комплетирање на третманот во целина.

Третман на акни кај возрасни жени: Лекувањето на акни кај возрасни жени е доста комплексно. Самиот третман во суштина зависи од причината која ги предизвукува истите. дали тоа е резултат на хормонски дисбаланс за време на менструален циклус, или можеби физичка иритација на кожата, пушењето или стресот. Најбитно е да се утврди вистинската причина за да може преку сет на мерки, методи и терапија истите успешно да се стават под контрола.