Зошто корективен C хербален пилинг?
Корективен C хербален пилинг, 100% природен, органски хербален пилинг е адекватен за отстранување на сите видови на лузни од акни. И тоа како на лицето така и на телото. Се работи за најмоќниот тип на корективен пилинг кој успешно третира како плитки лузни од акни така и лузни од акни кои се наоѓаат во подлабоките слоеви на кожата. Вклучително и лузни од акни кои имаат хипотрофичен карактер.
Што е тоа hebrs2peel корективен C хербален пилинг?
hebrs2peel е успешно докажан, природен пилинг метод за регенерација на кожата базиран на мешавина од чисти билки. Неговиот природен состав е целосно ослободен од хемиски супстанции, синтетички адитиви и абразиви, без никакви токсични несакани ефекти. Оваа природна мешавина содржи протеини, јаглени хидрати, витамини, ензими, фитохормони, минерални соли, танини и елементи во трагови.
Како работи hebrs2peel корективниот C хербален пилинг?
Овој уникатен метод за регенерација на кожата користи само чисти, природни растителни состојки и е многу безбедна и успешна, нехируршка процедура. Билките се комбинираат со специјално развиени производи и се масираат во кожата. Микро-честичките од билките ќе ги отстранат најгорните слоеви на кожата додека активните хранливи материи навлегуваат длабоко во кожата, каде нивните хранливи својства остануваат активни подолг временски период. При допирање на третираната кожа, клиентите чувствуваат „несакан ефект“ – демонстрирајќи ги ефектите на хербалните честички во кожата за подолг временски период. Циркулацијата на кожата е зголемена, се стимулира регенерацијата. Моќен метод заснован на моќта на чистите билки.
За разлика од другите популарни методи на пилинг, hebrs2peel корективниот C хербален пилинг е целосно природен и органски без никакви хемиски или синтетички состојки и не предиѕвикува никакви споредни ефекти по вашето здравје.
Каков е механизмот на дејство на hebrs2peel корективниот C хербален пилинг?
- Го активира метаболизмот и детоксикацијата на кожата преку зголемена циркулација
- Ја подобрува микроциркулацијата – снабдување на кожата со кислород и хранливи материи
- Стимулира создавање и раст на нови клетки на кожата
- Промовира сопствено производство на колаген на кожата
- Покажува севкупно подобрување на квалитетот на кожата: тен на кожата, структура и еластичност
- ги измазнува брчките
- Намалува и измазнува лузни
- Значителен пилинг на горниот епидермис