Во современото секојдневие, постојано слушате и гледате реклами за илјадници производи, препарати, креми, масти за решавање на проблемите со нокти и кожните заболувања на стапалата и дланките. И на крај, не само што нема воопшто да ви помогнат во решавање на вашиот проблем, туку и состојбата на вашите нокти, стапала и дланки би можела да биде полоша од претходно. Како тогаш да знаете да препознаете кој е вистински ефикасен препарат кој би можел да ви помогне во решавање на проблемот со ноктите, стапалата и дланките?
101 FOOT клиниката за болести на нокти, стапала и дланки работи единствено со производи за кои постои научна докажаност за нивната ефикасност. Што значи тоа научна докажана ефикасност? Тоа би значело дека независна референтна здравствена институција или медицински универзитетски центри врз основа на клинички експерименти на поголеми контролни групи на пациенти применуваат производ или метода во подолг временски период, најчесто од 6 месеци до 1 година. Секојдневно ги следат резултатите од нивната клиничка студија, ги регистрираат, фотографираат со специјални онихоскопски и дермоскопски инструменти, за да на крајот од студијата дојдат до заклучок дали тој производ воопшто имал било каков ефект, и доколку имало позитивен ефект, тогаш во кој апсолутен износ изразен во проценти изнесувал таквиот ефект. Овие резултати заедно со методологијата на истражување ги објавуваат во рецензирани високоценети меѓународни медицински журнали со импакт фактор, како потврда за успехот или неуспехот во примената, ефикасноста и резултатите од користењето на конкретниот препарат, производ или технологија.